Чакана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чакана.
Метод на конструкција.

Чакана бил симболот на митологијата и религијата на Инките. Во останатите религии и митологии, ваквите симболи се познати како „дрво на светот“, „дрво на животот“, „тркало на животот“ и слично. Симболот е во вид на скалест крст кој има квадратни полиња што симболизираат стадиуми на земскиот живот и божествениот свет. Полињата на три нивоа или три нивоа на опстојување познати како: Ханан Пача или горниот свет на боговите, средниот е Кај Пача или секојдневниот свет и Уку или Урин Пача или светот на подземјето, свет на демони и духови од предците но и богови. Дупката во средина е оска преку која шаманот поминувал од едно ниво во друго. Исто така центарот го претставува Куско како центар на империјата.

Легенда за значењето[уреди | уреди извор]

Симболот е составен од 12 агли, кои според легендите, ги претставуваат правилата на животот:

Јас живеам
Јас работам
Јас љубам
Подземјето
Сегашниот свет
Горниот свет
Пума
Орел
Змија
Не лажи
Не мами
Не кради

Четирите рамни делови се: вода, воздух, земја и оган.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Soledad Cachuan: Mitología Inca, Buenos Aires 2008
  • Drury: The Elements of Shamanism, Element Books, 1989.