Цуцулка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цуцулеста сипка - птица со цуцулка

Цуцулка, креста или пувка е украс од истакнати пердуви на главата кај некои птици и диносауруси.

Цуцулката е направена од полумеки пердуви: долги, избраздени и назабени од двете страни. Тие се неврзани пердуви, што значи дека се меки и може да се свијат. Кај птиците ваквите полумеки пердуви се вообичаени на главата, вратот и горниот дел од грбот и може да се користат за покажување живост или како сензори за вибрации.

Цуцулката птиците најчесто ја користат во свадбениот танц. Птиците нимфи, какадуи и сличните видови папагали од Австралија, Бизмарковиот Архипелаг и Филипините се најпрепознатливите птици што имаат цуцулка.[1] Овие птици може да ја креваат и спуштаат цуцулката по волја. Ја користат за комуникација со членовите од нивниот вид, но и за одбрана од другите птици, зашто со крената цуцулка изгледаат поголеми.[2] Цуцулката може да биде испрчена или легната, зависно од видот.[3] Легнатата цуцулка има пердуви кои лежат хоризонтално, залепени на главата, додека птицата не ги исправи нагоре. Легната цуцулка има, на пример белиот какаду.[4] Таа е забележлива дури и кога не е испрчена зашто има пердуви кои и кога се легнати се малку искривени нагоре со врвовите, а кога е испрчена, тие често доаѓаат нанапред, пред главата. Често цуцулките имаат брилјантни бои.[5]

Галерија[уреди]


Наводи[уреди]

  1. Roberson, Don. „COCKATOOS Cacatuidae“. Bird Families of the World. http://creagrus.home.montereybay.com/cockatoos.html. конс. 2 мај 2013. 
  2. Highfill, Carol. „Those Magnificent Cockatoo Crests“. Cockatoo Heaven. http://www.birdsnways.com/cockatoo/crests.htm. конс. 2 мај 2013. 
  3. Moustaki, Nikki (2005). „Parrots for Dummies“ (1st ed. издание). Indianapolis, IN: Wiley Pub.. ISBN 978-0764583537. 
  4. Moustaki, Nikki (2005). „Parrots for Dummies“ (1st ed. издание). Indianapolis, IN: Wiley Pub.. ISBN 978-0764583537. 
  5. Highfill, Carol. „Those Magnificent Cockatoo Crest“. Cockatoo Heaven. http://www.birdsnways.com/cockatoo/crests.htm. конс. 2 мај 2013.