Цуцулеста сипка
| Цуцулеста сипка | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Врапчарки |
| Фамилија: | Сипки |
| Род: | Гривести сипки |
| Вид: | Цуцулеста сипка |
| Биномен назив | |
| Lophophanes cristatus Linnaeus, 1758 |
|
Цуцулестата сипка (латински: Lophophanes cristatus, порано Parus cristatus), е песнопојна птица од фамилијата Сипки. Птицата е мошне распространета и често живее и се размножува во зимзелени шуми ширум средна и северна Европа, како и листопадни шумски предели во Франција и Пиринејскиот Полуостров. Во Велика Британија, птицата е ограничена само на древните борови шуми во Инвернес и Стратспи во Шкотска, и од таму ретко излегува. Неколку заскитани цуцулести сипки се видени и во Англија. Цуцулестата сипка ја има и во Македонија. Оваа птица живее на постојано место и највеќето единки не одат на преселба.
Оваа сипка е лесно препознатлива по издигнатата цуцулка, нејзиниот подвиткан врв, како и по карактеристичниот црн оглавник и исправена линија кон клунот. Како и другите сипки, цуцулестата сипка е зборлива, со постојан пој „ци, ци, ци“, сличен на појот на еловата сипка.
Оваа птица се гнезди во дупки на гнили пенушки. Честопати се храни долу ниско во дрвјата и, иако не е повлечена, не секогаш може да ѝ се пријде лесно. Зиме се придружува во јата со сипки од други видови.
Како и други сипки, оваа сипка се храни со инсекти, гасеници и семки.
Содржина |
Занимливости [уреди]
Цуцулестата сипка е еден од симболите на шведската покраина Вестманланд.
Наводи [уреди]
- ↑ BirdLife International (2004). Parus cristatus. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. пров на 12 мај 2006 (англиски)
Надворешни врски [уреди]
- Видеоснимки на цуцулести сипки на Интернет збирката на птици (англиски)
- Песна на цуцулестата сипка
- Старосен и полов развој (PDF) од Хавиер Бласко-Зумета (англиски)
Галерија [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Цуцулеста сипка“ |