Црн ибис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црн ибис
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Пеликановидни
Семејство: Ибиси и лажичарки
Род: Ибиси
Вид: Црн ибис
Биномен назив
Plegadis falcinellus
Карл Лине, 1766

Црниот ибис или блескав ибис (Plegadis falcinellus) е широко распространета птица од фамилијата ибиси. Го има во Македонија.

Oпис[уреди | уреди извор]

Црниот ибис е средно голема птица, долга од 48-66 cm, со распон на крилјата од 80 до 105 cm.[2][3] Тежат од 485 до 970 грама. Возрасните птици се темнокафеави со бронзен и зелен метален одблесок. Младите се кафеави без одблесок, на главата и вратот поседуваат бела нијанса која исчезнува кај возрасните.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Широко е распространет во Евроазија, Африка, Австралија, Северна Америка. Презимува во Африка и Азија, каде се храни од плитките води со калливо дно обраснати со трска, понекогаш на оризовите полиња и влажните ливади.

Начин на живеење[уреди | уреди извор]

Живеат во слатки и слабосолени водни басени, широки блата, естуари, плитки потопени и влажни ливади.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Црниот ибис се исхранува со водни без‘рбетници - водни инсекти, пијавици, дождовни црви; понекогаш со риби и водоземци.

Размножување[уреди | уреди извор]

Црниот ибис се гнезди во густи колонии заедно со други птици - чапји лажичарки, пеликани, чапји.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]