Црно езеро (Шара)
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Црно езеро | |
|---|---|
| Координати: | |
| Површина: | 33.520 m2 |
| Должина: | 248 m |
| Ширина: | 185 m |
|
Обем: |
825 m |
| Длабочина: | m |
| Надморска висина: | 2.122 m |
| Планина: | Шар Планина |
Црното езеро е глацијално езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа во Брустовичкиот масив заедно со Белото и Боговињското езеро[2]. Езерото лежи во длабодолинка која на север е ограничена од врвот Бориславец, на запад од Црноезерски Врв, од исток со еден гребен кој е висок 2.540 метри, а јужната страна е карпеста и безводна.
Во близина на езерото се забележуваат траги на затрупано езерце, низ чиј талог сега тече поток кој се влива во езерото. Се наоѓа на 2.122 m надморска висина. Долго е 248, а широко 185 со обем од 825 метри. Има површина од 33.520 m²[3]. Се наоѓа на карпест басен со лесно достапни брегови, со мирни линии, со исклучок на северниот дел. На западниот дел се наоѓа една височинка на која е доградено бачило, па поради тоа езерото е изложено на таложење на животинскиот измет. поради тоа, овој дел од езерото е нечист и каллив. Голем дел на плитоците се уништени и обраснати со шамак и други растенија.[4]. Ова езеро има голем туристички потенцијал[5].
[уреди] Види исто така
- Бело езеро
- Боговињско езеро
- Бориславец (Брустовец)
[уреди] Референци
- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 56-57
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
- ↑ Горске очи - могућности туристичке валоризације - Оливера Радуловић

