Црни лебеди (збирка раскази)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црни лебеди е збирка раскази од рускиот писател Гајто Газданов, објавена во 2006 година во издание на "Темплум", како 43 книга во рамките на едицијата “Магма”. Преводот од руски јазик е дело на Марија Сидоровска.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 237 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-902-81-Х. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата “Точка”. На предната корица е наоѓа слика на Хуан Миро, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата “Магма”.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката “Црни лебеди” содржи девет раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]

  • Црни лебеди
  • Хавајски гитари
  • Другарката Брак
  • Кнегинката Мери
  • Питачот
  • Помен
  • Грешка
  • Вечерен сопатник
  • Писмата на Иванов

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Гајто Газданов, Црни лебеди, Темплум, Скопје, 2006.