Црна Скала

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црна Скала е граничен премин на македонско - бугарската граница, односно врска помеѓу Делчево на македонската и Невестино на бугарската страна од границата.[1]

Во 2002 година од македонска страна со 1,7 милион евра од продажбата на телекомот биле потрошени за пробивање и тампонирање на десет километри пат од Делчево до Црна Скала. За завршување и асфалтирање на патот биле потребни уште толку пари. Но, бидејќи со проектот не се почнало и од бугарска страна, работите биле запрени и од македонска страна.

Со овој граничен премин ќе се скрател патот до Ќустендил и до Софија за околу 40 километри, во однос на делницата преку Благоевград.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 2011.08.10. Новите премини остареа неотворени. dnevnik.com.mk Архивирано на 21 септември 2011 г.