Црна Брада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Едвард Тич, наречен „Црна брада“

Едвард Тич (англиски: Edward Teach) (околу 168022 ноември 1718) или попознат како Црна брада (Blackbeard) бил еден од најпознатите англиски пирати во Карипското Море и западните делови на Атлантскиот Океан во почетокот на XVIII век, период којшто е познат и како златна ера на пиратството. Неговиот брод Одмазда на кралицата Ана е еден од најпознатите пиратски бродови, за којшто се верува дека заринкал на брегот во 1718.

Црна брада многу често се борел во битки, а познат е по тоа што носел трико, а со себе имал повеќе мечови, ножеви и пиштоли. Во Генералната историја на кражбите и убиствата на најстрашните пирати се вели дека тој со канабис и чкорчиња коишто ги пуштала неговата црна птица ги збунувал противниците. За Црна брада се вели дека бил архетипска слика на пиратството.

Младост[уреди]

Според најголем број на записи, Едвард Тич е роден во Бристол, Англија, но постојат шпекулации дека бил роден во Лондон или Филаделфија. Се претпоставува дека потекнува од благородничко семејство. Кога пораснал отишол на Карибите (најверојатно на Јамајка) и служел за Британија како гусар. Од 1701 до 1714 служел на британски брод за време на војната за шпанското наследство. Допловувал до Јамајка каде што им се придружил на британските гусари коишто освојувале француски и шпански бродови. По завршувањето на војната и повлекувањето на британските гусари, Едвард Тич останал без работа. На крајот од 1716 отпловил на островот Њу Провиденс на Бахамите каде што му се придружил на пиратскиот капетан Бенџамин Хоринголд.

Пиратската кариера[уреди]

Знамето на пиратот Црна брада

Пролетта 1717, Тич и Хоринголд отпловиле од Њу Провиденс кон средна Америка. По пат кај Хавана заробиле неколку бродови, но земале само неколку галони вино. На 28 декември 1717 се сретнал со капетан Семјуел Белами и му се придружил. Со него освоиле уште неколку француски бродови, а особено бродот Конкорд којшто патувал од Нант до Мартиник. Бродот имал 20 топови и тежел 300 тона, а пренесувал злато и други скапоцени метали. Бродот го земале, а Хоринголд за капетан на освоениот брод го назначил токму Едвард Тич. Тич бродот го преименувал во Одмазда на кралицата Ана во чест на англиската кралица за време на војната за шпанското наследство. Тој го зголемил вооружувањето на бродот и од 20, бројот на топовите го зголемил на 40. Белами ги напуштил Тич и Хоринголд, кога Хоринголд одбил да напаѓа британски бродови, а наскоро и тој заминал во Њу Провиденс каде што ја прифатил кралската амнестија, по што Едвард Тич останал сам со својот брод и започнал да плови самостојно.

Црна брада

Самостојна пловидба[уреди]

Едвард Тич стекнал голема слава уште при првата добиена борба со трговскиот брод Големиот Ален кај Сент Винсент. Тој го ограбил бродот, а потоа го запалил.

Неколку дена подоцна Одмазда на кралицата Ана кај островот Барбадос се судрил со бродот Скарбороу. Според Чарлс Џонсон, Едвард Тич бил подготвен за борба и само го шекал моментот за да победи.Според некои историчари пиратите од бродот Скарбороу не биле опоменати дека во близина плови покоќниот противник. Бродот Скарбороу бил вооружен со 30 топови што е за 10 помалку од бродот Одмазда на кралицата Ана. Борбата траела неколку часа,а потоа пиратите од бродот Скарбороу виделе дека противникот е многу посилен и се повлекле на островот Барбадос. Оваа победа само ја зголемила претходно стекнатата слава на Едвард Тич. Во наредната 1718, Тич запловил кон Њу Провиденс, но таму пристигнал пред пристигнувањето на гувернерот Вудс Роџерс, па поради тоа Тич заминал на север кон северна Каролина на чијшто брег основал база. Оттаму тој заминал за средна Америка.

На пат тој налетал на бродот Одмазда којшто бил вооружен со 10 топови и бил под водство на британскиот пират Стед Бонет. По неколку дена, Тич воочил дека Бонет не се одбира од морепловство, па го земал на својот брод, а на бродот Одмазда го поставил својот помошник Ричардс.

Во близина на Хондурас, пиратите сакале малку да се одморат, но тогаш го здогледале бродот Доживување кој пловел од Јамајка. Ричардс веднаш го кренал знамето на бродот Одмазда и се подготвил за борба, но пиратите од противничкиот брод веднаш се предале. На бродот Доживување капетан бил Дејвид Хериот. Пиратите него го преместиле на Одмазда на кралицата Ана, а на освоениот брод Доживување испратиле неколку луѓе предводени од Израел Хендс.

По една седмица, Тич налетал на брдот Протестантски цар кој пловел од Бостон. Тич го истакнал пиратското знаме и истрелал еден истрел од топ. Пиратите бродот лесно го освоиле, а подоцна и го запалиле. Тие отишле во Бостон каде што исто така започнале да ги палат бродовите на пристаништето. Оттаму пиратите на Едвард Тич запловиле кон големите Кајмански острови, а потоа до Хавана, па до Бахамите.

Нападот на Чарлстон[уреди]

По крток одмор и пребројување на освоената залиха, во мај 1718, Едвард Тич запловил кон јужна Каролина. Тие затвориле неколку затвореници, а кај Чарлстон не дозволувале да помине ниту еден брод. Тие излезот го чувале 5 до 6 дена. Таму заробиле брод којшто се движел кон Лондон, а потоа и уште еден брод којшто отпловил од Чарлстон, а потоа заробиле и 2 брода коишто биле упатени до Чарлстон. Таму, пиратите на Тич заробиле и 14 робови (црнци). Сево ова се случувало пред очите на граѓаните.

Тич не дозволувал да се приближи ниту еден брод до пристаништето, а ја забранил и трговијата низ цечлиот брег којашто силно го погодила населението коешто штотуку ја завршила војната со Индијанците. Се кренала голема паника за којашто дознал и гувернерот на јужна Каролина Чарлс Вејн. Капетанот на бродот Одмазда, Ричардс побарал од властите да му биде предаден ковчегот со лековите. А, доколку тоа не се случи сите луѓе ќе бидат убиени и нивните глави ќе бидат распоредени пред очите на властите, а заробените бродови ќе бидат запалени. За тоа време, пиратите се шетале по улиците и ги ограбувале граѓаните коишто иако сакале да ги убијат противниците не можеле ни малку да им се спротивстават. Пиратите си земале злато и сребро колку што ќе посакаат. Властите приморани го предале ковчегот со лекови, со уште 300 до 400 фунти. Ковчегот бил натоварен на бродот, а Тич ги ослободил затворениците, бродовите можеле слободно да се движат, а со себе земал неколку робови (црнци) и украденото злато и сребро во вредност од 1500 фунти.

Едвард Тич запловил на север кон северна Каролина каде што, бродот Одмазда на кралица Ана заринкал. Бродот Доживување се обидел да му помогне на заринканиот брод, но и тој заринкал. Тич со 40 луѓе останал на една страна, а Бонет предводејќи го бродот Одмазда бил препуштен на својата судбина. Тич оставил 17 луѓе коишто подоцна биле пронајдени од Бонет. Според многумина историчари, Едвард Тич намерно го заринкал својот брод. Тој имал за цел да се одвои од своите пријатели и да заграби што е можно поголем дел од освоеното богатство.

Смрт[уреди]

Едвард Тич и Роберт Мајнард во нивниот дуел
Главата на Едвард Тич закашена на јарболот на Мајнаровиот брод

Луѓето коишто живееле на брегот каде што се наоѓал Тич редовно биле ограбувани. Тие не можеле да ја поднесат таквата ситуација и се побуниле, испраѓајѓи молба до гувернерот на соседна Вирџинија Александар Спотсвуд. Откако Спотсвуд дознал за тоа, тој изјавил дека ќе го награди со 100 фунти оној којшто ќе му ја донесе главата на Едвард Тич. За да се осигура дека тоа ќе се случиу во скоро време, Спотсвуд испратил и војска на брегот кај градот Бет. Од морето Тич видел 2 брода Рејнџер и Џејн коишто биле предводени од поручник Роберт Мајнард. На 21 ноември 1718, Мајнард зад островот Окракоук го пронашол заринканиот брод и решил да почека до наредниот ден. Истата ноќ, еден пират го запрашал Едвард Тич: „Ако загинете утре, дали вашата жена Мери знае каде е закопано вашето богатство?“ На тоа Едвард Тич одговорил: „Ѓавол да го земе, пријателе. Никој освен мене и ѓаволот не знае каде е закопано моето богатство.“ Групата на Тич сочинувала 19 луѓе од кои 13 биле белци, а 6 црнци. Наспроти него бил Мајнард со 60 луѓе. Пред почетокот на борбата, Тич извикал: „Проклета ми беше душата за да ве помилам или да барам милост од вас!“ Откако испукале 2 куршума, борбата на противниците се одвивала на бродот Рејнџер. Се бореле на човек на човек, а главната борба била помеѓу Едвард Тич и Роберт Мајнард. Тич бил погоден од 5 куршуми од пиштол и прободен 20 пати со меч пред да падне мртов на палубата. Неговата глава била пресечена и пренесена на бродот на Мајнард, а неговото тело го заобиколило бродот неколку пати пред да биде фрлено во вода. Бродот и освоениот плен на Едвард Тич биле продадени, а биле задржани 250 фунти што ја создало претпоставката дека можеби Едвард Тичнавистина некае закопал огомно богатство.