Црна Џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црна Џамија е маало во градот Велес на левиот брег на реката Вардар. Името го добила по џамијата со темно минаре која е всушност единствената џамија која денес постои во градот Велес. Сместена е во подножјето на ридот Рамина под црквата Свети Спас од левата страна на Дервенскиот поток. Огромно мнозинство од населението се Македонци, а во помал број живеат и Турци и Роми. Во оваа населба се наоѓа велешкиот градски пазар.

Маалото е наречено по Фазил Ахмет-пашината џамија (Црна џамија), која е единствената џамија во градот.