Црната стрела (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црната стрела (англиски: The Black Arrow) е роман од писателот Роберт Луис Стивенсон.

Корица на првото издание објавено во 1888 година

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Издание на „Кочо Рацин“ од 1965[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена на македонски јазик од страна на издавачкото претпријатиеКочо Рацин“ од Скопје во 1965 година, во превод на Свето Серафимов, а во рамките на библиотекатаГалеб“. Таа има 139 страници и испечатена е во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје во тираж од 5.000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не го поседува меѓународниот број ISBN. Нацртот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Димитар Кондев, а техничкото уредување го извршил Коста Бојаџиевски. Јазичната редакција е дело на Евтим Манев, а коректурата ја направила Вера Грличкова.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот „Црната стрела“ се состои од 32 поглавја, и тоа:[1]

  • Глава прва: Црната стрела погодува
  • Глава втора: Каде е господарот Џон
  • Глава трета: Во мочуриштето
  • Глава четврта: Премин преку реката
  • Глава петта: Одметниците
  • Галав шеста: Напад во шумата
  • Глава седма: Гонење
  • Глава осма: Лепрозниот
  • Глава деветта: Во Куќата на каналот
  • Глава десетта: Лажна клетва
  • Глава единаесетта: Собата над капелата
  • Глава дванаесетта: Преминот
  • Глава тринаесетта: Како ги измени Ричард страните
  • Глава четиринаесетта: Тајна средба
  • Глава петнаесетта: Битка во темнината
  • Глава шеснаесетта: Сент Браидс Крос
  • Глава седумнаесетта: Украдениот брод
  • Глава осумнаесетта: Опасност од морето
  • Глава деветнаесетта: Домот на Лоулес
  • Глава дваесетта: Во куќата на непријателот
  • Глава дваесет и прва: Мртвиот шпион
  • Глава дваесет и втора: Во црквата
  • Глава дваесет и трета: Лордот Ризингам
  • Глава дваесет и четврта: Али Баба
  • Глава дваесет и петта: Средба на крстопатот
  • Глава дваесет и шеста: Битка во Шореби
  • Глава дваесет и седма: Битката во Шореби - продолжение
  • Глава дваесет и осма: По битката
  • Глава дваесет и деветта: Ноќта во шумата
  • Глава триесетта: Ричард и Џоана
  • Глава триесет и прва: Смртта на сер Даниел
  • Глава триесет и втора: Среќен крај

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Р. Л. Стивенсон, Црната стрела, Скопје: Кочо Рацин, 1965.