Црква „Св. Троица“ - Големо Коњари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Троица
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Местоположба

Карта

Место Големо Коњари
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Архитектонски опис

„Света Троица“ во Големо Коњари е еднокорабна градба, засводена, со галерија (женска црква). Изградена е во 1912 година, по иницијатива на свештеникот Вељан Цветановиќ. Осветена е во 1925 година од тогашниот епископ Битолски Јосиф. Во 1977 година црквата е реновирана, па живописот целосно е покриен. Иконите се насликани во 1913 година од непознат автор.