Црква „Св. Никола“ - Клисура

Координати: 41°23′03″N 22°17′30″E / 41.38417° СГШ; 22.29167° ИГД / 41.38417; 22.29167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Демиркаписка
Местоположба

Карта

Координати 41°23′03″N 22°17′30″E / 41.38417° СГШ; 22.29167° ИГД / 41.38417; 22.29167
Место Клисура
Општина Демир Капија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба XIX век
Живопис 1879
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Никола — главна селска црква во демиркапиското село Клисура, Македонија.[1][2]

Црквата се наоѓа во некогашното Средно Маало, а над нејзе се простира познатата Долина на кактусите.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена источно од селото, во негова непосредна близина.[2] До црквата може да се стигне преку асфалтен пат, кој започнува од самото сретсело во Клисура.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била подигната во XIX век.[2][3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Архитектонски, црквата е трикорабна со голема олтарна апсида на источната страна и дрвени таваници поставени во трите кораби. Средишниот кораб се надвишува над страничните. Таваниците се украсени со црвено-сива боја. Корабите се создадени со два реда колони кои меѓусебно се поврзани со лакови. На западната страна од црквата е изградена галерија. Главниот влез на црквата е од јужната страна, а има и од западната страна. Од јужната и западната страна црквата има отворени тремови и камбанарија.

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата била фрескоживописана во 1879 година, што е испишано на натписот на фреско-малтерот над јужната врата од надворешната страна на црквата. Живописот бил изработен од браќата Вангел, Никола и Коста од Крушево.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-09-16.
  3. „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 16 септември 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]