Црква „Св. Недела“ - Ајакс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Поглед на црквата

Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Недела
Македонска православна црква
Епархија Американско-канадска
Местоположба
Населено место Ајакс Канада
Општи информации
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црквата Свети Недела е македонска православна црква која се наоѓа во Ајакс, Онтарио, Канада.

Во април 1993 година група Македонци одлучиле да изградат црква на источниот дел на Торонто, за да ги задоволат верските потреби на регионот Дурхам[1]. Идејата за изградба на македонски православен црковен дом во источниот дел на метрополата Торонто датирала од поодамна. Главно поради одалеченоста на црквата Свети Климент, неколку Македонци се заинтересириле да изградат црква поблиску до своите домови. На 23 април 1993 година било свикано првото собрание на приврзаниците и членовите на новата црковна општина. На тоа собрание било донесено одлука црквата да биде посветена и да го носи името "Света Великомаченица Недела". По ова била најдена и локацијата на која ќе се градело идната црква во Ајакс, на територија од 10,000 м2, која била закупена по цена од 450.000 $.

На 18 мај 2000 година биле договорени активностите околу изгрдбата на новата црква. Така на 10 октомври 2000 година бил поставен камен темелник по повод 2000 годишнината на христијанството со голема свеченост. На оваа свеченост присуствувале околу 1.000 верници од Канада и Америка, а била извршена литургија и од страна на г.г. Стефан.

На 8 септември 2002 година била осветена црквата.

Наводи[уреди]