Црква „Св. Климент Охридски“ - Торонто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Климент Охридски
250px

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Американско-канадска
Местоположба
Населено место [[Торонто, Канада]]
Општи информации
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црквата Свети Климент Охридски е македонска православна црква која се наоѓа во Торонто, Канада. Оваа е најстара македонска црква надвор од територијата на Македонија.

Во Канада помеѓу членовите на Македонската патриотска организација "Обединети Македонци" се родила желба за изградба на Македонска православна црква во Торонто. Така на 7 август 1962 година, на македонскиот национален празник Илинден бил одржан состанок во хотелот "Кинг Едвард" во Торонто. На тој состанок била донесена одлука за изградба на црква во градот, како и името кое ќе го носи црквата. По донесувањето на одлуката, раководството на македонската црква испратила црковна делегација која била предводена од Митрополитот Злетовско-струмички господин Наум.

Денеска црквата е една од напосетуваните места помеѓу македонските Канаѓани во земјата. Во 2009 година, по повод 50 годишнината од основањето на Организацијата Обединети Македонци, црквата била посетена од страна на Премиерот на Канада, Стивен Харпер[1].

Наводи[уреди]