Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Горно Палчиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Кирил и Методиј
македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Трета тетовска
Местоположба
Место Горно Палчиште
Општина Боговиње
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Кирил и Методиј
Архитектонски опис

Свети Кирил и Методиј — историска црква во тетовското село Горно Палчиште, која денес е целосно разрушена. Црквата се наоѓала на местото наречено Вакуфиште. Околу неа се наоѓале селските гробови, кои и денес се видливи.[1] Денес целото црквино место, со се темелите и гробиштата се честа мета на трагачи на злато.[2] Црквата била во употреба сè додека во селото имало Македонци. Со присилното иселување, исламизирање и албанизирање, црквата остала запуштена и заборавена.

Легенда[уреди | уреди извор]

Една легенда за црквата вели дека еднаш во минатото таа била целосно разрушена. Имено легендата вели дека во селото меѓусебно се ожениле кумови. На денот на самата венчавка во црквата во селото заврнал пороен дожд. Од силните порои се разорила цела црква. Младенците сосе наносот се излеале во сегашната месност наречена Цепен Камен кај месноста Купенка[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.
  2. „Диви копачи бараат злато на Шара“. Утрински Весник. Посетено на 2011-01-11.[мртва врска]