Црква „Св. Илија“ - Мисисауга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија
македонска православна црква
Епархија Американско-канадска
Местоположба

Карта

Место Мисисауга, Канада
Општи податоци
Архитектонски опис

Свети Илијамакедонска православна црква која се наоѓа во Мисисауга, Канада.

Иницијативата за изградба на црквата се појавила во април 1979 година. Претходно, во 1964 година во Торонто била изградена црквата "Св. Климент Охридски". Постојаното ширење на градот и зголемувањето на македонското население придонело до потребата за изградба на уште една црква. Веднаш по изборот црковниот одбор се зафатил со регистрирање на црквата пред државните власти во Онтарио. Така на 10 август 1979 година црквата била регистрирана. На седницата на САС одржана на 13 септември 1979 година црквата "Св. Илија" била примена под канонска и духовна јурисдикција, а актот бил проследен на 31 декември 1979 година. На истата седница бил одобрен и Правилникот на црквата.

Во црквата постои црковен хор, училиште на македонски јазик по веронауката. Осветувањето на црквата се извршило на 14 мај 2006 година. Чинот на осветувањето го извршил Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјално мрежно место“. Архивирано од изворникот на 2020-07-04. Посетено на 2010-10-04.