Црква „Св. Димитриј“ - Дихово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Кукуречанска
Местоположба

Карта

Координати 41°1′57″N 21°15′49″E / 41.03250° СГШ; 21.26361° ИГД / 41.03250; 21.26361Координати: 41°1′57″N 21°15′49″E / 41.03250° СГШ; 21.26361° ИГД / 41.03250; 21.26361
Место Дихово
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј Солунски
Завршено 1830
Живопис 1931
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Димитриј — главна селска црква во битолското село Дихово.[1]

Локално е позната како Горна Црква и градена е како патријаршистичка за време на грчката пропаганда во селото.

Опис[уреди | уреди извор]

Црквата претставува мала трикорабна градба со интересно обликувана камбанарија прилепена на западната фасада. Апсидната конха од надворешната страна е карактеристична по високиот прозорец во средината и дванаесетте плитки ниши, поставени по шест лево и десно од него. На јужната фасада од црквата оставени се два посебни влезови од кои едниот комуницира со наосот а другиот, оној источниот, служи за дирекно влегување во олтарниот простор. Над влезот во наосот, во полукружна ниша, постои сликана претстава, со допојасјето на Свети Димитриј. Во подножјето на овој простор, насликан во поново време испишана е годината 1830. Според внатрешниот изглед на црквата, може да се заклучи дека и таа најверојатно настрадала во периодот на Првата светска војна. На ѕидовите од наосот и олтарниот простор не постојат траги од ѕидно сликарство. Иконостасот во храмот е составен од три реда на икони, кои потекнуваат од периодот помеѓу двете светски војни. На поголемиот дел од нив, испишана е 1931 годината. Сепак, како сведоштво дека црквата егзистира од постар датум се неколкуте сочувани икони од 18 и 19 век. Значајна е претставата на Распетието Христово од 1785 година, дело на познатиот корчански мајстор Константин Зограф, кој заедно со неговиот брат и близок соработник Атанас, оставиле како сведоштва на својата работа, многу насликани ансамбли и икони на териториите на денешна Албанија, Света Гора, северна Грција а присутни биле и во неколку цркви во потпелистерскиот дел, како Дихово, Велушина и Претор.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]