Црква „Св. Димитриј“ - Броштица

Координати: 41°29′14″N 20°35′29″E / 41.48722° СГШ; 20.59139° ИГД / 41.48722; 20.59139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Координати 41°29′14″N 20°35′29″E / 41.48722° СГШ; 20.59139° ИГД / 41.48722; 20.59139
Место Броштица
Општина Центар Жупа
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј
Изградба 1868
Архитектонски опис

Свети Димитриј — главна селска црква во дебарското село Броштица, Македонија.[1]

Црквата е руинирана, при што е целосно срушена припратата, додека самата црква е зачувана откако биле поставени столбови во 2007 година.[2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа сосема надвор од селото Броштица, сместена во длабока шума. До црквата може да се стигне единствено пеш следејќи козји патеки во времетраење околу половина час одење од последните куќи на селото Броштица.

Историја[уреди | уреди извор]

Таа е единствената преостаната црква од трите во селото, кои се срушиле поради ерозија на земјиштето. Поради фактот дека православното население од Броштица е иселено, за црквата се грижи локалното муслиманско население.[3]

Црквата е изградена во 1868 година, како што е испишано и на самата црква при нејзиниот влез. Била реновирана во 2007 година.

Кражби[уреди | уреди извор]

На почетокот на мај 2013 година, црквата била осквернавена од трагачи на закопано богатство. Тогаш било копано кај престолот и на уште неколку места во црквата, а ископан бил и еден гроб.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
  2. „archive.ph“. archive.ph. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 2022-12-04.
  3. Во Броштица муслиманите за здравје палат свеќи во православна црква (Нова Македонија; број 22556 | сабота 14.4.2012)[мртва врска]
  4. Осквернавена црквата во дебарското село Броштица; Сител| 4. МАЈ 2013 - 12:53. Архивирано од изворникот на 2013-05-10. Посетено на 2013-07-12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]