Црква „Св. Преполовение“ - Драчево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преполовение на Руса Среда

Црквата Преполовение на Руса Среда во манастирот Пеленица кај Драчево

македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба

Карта

Место Драчево
Општина Кисела Вода
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Архитектонски опис

Преполовение Руса Средаманастир во месноста Пеленица во близина на селото Драчево. Поточно манастирот се наоѓа на ливада на рид над селата Батинци и Драчево веднаш до патот кој води од Драчево кон Горно Количани и повеќе други села во подножјето на планината Китка. Покрај конаците во манастирот има повеќе летниковци и голема широка ливада на која редовно се одржува голем народен собор по повод празникот Преполовение - Руса Среда кој се паѓа на половината меѓу Велгиден и Духовден во среда. На соборот кој е масовно посетен од жителите на Драчево и други околни места и градот Скопје се дели храна и има многу музика. Покрај за овој празник, народен собор во овој манастир се одржува и на други поголеми христијански празници како што е Голема Богородица. Во 2010 година, во манастирот Пеленица за првпат се одржа манифестацијата „Кромидијада“[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-02-12. Посетено на 2011-02-12.