Црква „Пресвето Срце Исусово“ - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пресвето Срце Исусово
Катедрална црква
„Пресвето Срце Исусово“
Поглед кон црквата
Карта
МестоБитола
ЗемјаМакедонија
ВероисповедКатолицизам
Архитектура
Архит. типнеоготски стил
Завршена1909
Управа
ЕпархијаСкопска бискупија
МитрополијаОпштина Битола
Свештенство
АрхиепископКиро Стојанов

Црквата „Пресвето Срце Исусово“ е католички храм кој се наоѓа во Битола, Македонија.

За формирањето на црквата најзаслужни биле Лазаристите кои во 19 век започнале со идеја за ширење католичката вера меѓу православното население на Отоманското Царство. Основач на парорхијата во градот бил Жан - Жозеф Лепавек кој во 1857 година го купил хотелот Локанда на Широк Сокак. Со текот на времето христијанскиот храм бил постојано обновуван и надоградуван.

Црквата била целосно изградена во 1870 година, но во 1900 била опожарена. Денешната црква датира од 1909 година и истата е во неоготски стил. Главниот олтар од костеново дрво во готски стил бил изработен во Минхен, Германија. Останатите два помали олтари биле изработени во новоготски француски стил. Новиот олтар како и амвонот биле изработени во 1975 год од ореово дрво, а ги изработил Ѓорѓи Караџов. Камбанаријата на црквата била изградена во периодот 1938 - 1940 г., и е подарок од словенечките верници[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Католичка црква“. http://www.bitolatourist.info/. Посетено на 2013-05-03. Надворешна врска во |publisher= (help)