Црква Свети Михаил (Хамбург)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црква Свети Михаил
Hauptkirche St. Michaelis
Michel
Hamburg-Michaeliskirche-Hafen.jpg

Свети Михаил гледан од пристаништето во Хамбург

Црква Свети Михаил (Хамбург) се наоѓа во Хамбург
Покажана во рамките на Хамбург, Германија
Основни податоци
Место кварт Нојштат, Хамбург, Германија
Координати 53°32′53.99″ СГШ 9°58′44″ ИГД / 53.548333, 9.978889
Религија Евангелистичка Црква во Германија
Држава Германија
Црковен статус Катедрала
Архитектонски опис
Архит. стил Барок
Завршено 1669
Карактеристики
Висина (макс.) 132 м

Свети Михаил, вообичаен наречена Мишел (германски: Michel), е една од петте главни протестантски цркви (Hauptkirchen) во Хамбург и најпозната црква во градот. Свети Михаил е знаменитост на градот. Посветена е на Архангел Михаил. Големата бронзена скулптура, стои над порталот на црквата, прикажувајќи го архангелот како го освојува ѓаволот.

132-метарското висока барокна купола потполно покриена со бакар е истакната карактеристика на панорамата на Хамбург и отсекогаш била за бродовите кои пловат по реката Елба.

Историја[уреди]

Победата на Свети Михаил над Ѓаволот, скулптура над главниот влез

Сегешната зграда на црквата е трета на ова место. Првата била изградена од 1647 до 1669. Станала црква на новиот град (Neustadt), кога била изградена во 1625 во рамките на новите градски ѕидини и постојано растела оттогаш. Во 1687, Мишел станал петта главна црква (Hauptkirche) и новиот град (Neustadt) станал парохија. Таа црква била уништена на 10 март 1750 од удар на молња. Првичната црква била повторно создадена и изградена во 9 различни градови низ светот.

Во 1786, новата градба го следела дизајнот на Јохан Леонхард Преи и Ернст Георг Зонин била завршена. Ова е црквата, која ја знаеме и денес. Била обновена двапати во 20-от век: по опожарувањето во 1906, во текот на градежни работи и по бомбардирањата во 1944 и 1945. Од 1983, обновата тече: прво куполата, а потоа и покривот.

Нудејќи 2.500 места, Мишел е најголемата црква во Хамбург. Куполата, која нуди одличен поглед над градот и пристаништето, може да се искачува, но исто така има и лифт.

Лутерански бискупи[уреди]

Црквата е седиште на еден од трите бискупа на Северноелпската евангелистичко-лутеранска црква.

  • Хамбуршки округ (седиште Црква Свети Михаил, Хамбург; од 2008, Хамбург-Либек)
    • 1977 - 1983: Ханс-Ото Велбер
    • 1983 - 1992: Петер Круше
    • 1992 - 2010: Марија Јепзен[1]
    • 2011 - денес: Кирстен Ферс

Погребани[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.

Надворешни врски[уреди]

53°32′54″ СГШ 9°58′44″ ИГД /