Црква Свети Андреј (Киев)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
{{{building_name}}}
St. Andriy's Church in Kyiv.jpg
Основни податоци
Место Киев
Држава Украина
Архитектонски опис
Архитект Бартоломео Растрели, Иван Мишурин
Темел 1744
Карактеристики
Должина 317 m (1,040 ft)
Ширина 204 m (670 ft)

Црквата Свети Андреј (украински: Андрiївська церква; руски: Андреевская церковь) е една од главните барокни цркви која се наоѓа во Киев, Украина. Црквата била изградена во периодот од 1747 до 1754 година, а како главен архитект бил избран Бартоломео Растрели.

Црквата Свети Андреј се наоѓа во реонот Подил, на еден стрмен рид кој денеска се нарекува Андреевски рид. Од страна на една фондација од неодамна започнала кампања поради загриженоста дека основата на црквата може да се сруши доколку дојде до ронење на земјиштето.

Самиот христијански храм е посветен на апостол Андреј, како првиот апостол кој бил пеизнат од страна на Киевска Русија. Според една од легендите, Свети Андреј пристигнал во градот Киев и ги удрил темелите на идниот голем христијански град[1][2]. На местото каде што тој, наводно подигнл крст, денеска се наоѓа катедрала посветена на апостолот.

Во 1086 година, големиот принц на Киев изградил на ова место една мала црква, а во 1215 година истата била пропирена. Сепак, црквата не ја преживеала инвазијата на Киевска Русија од страна на Монголските Татари во 1240 година. По ова, на темелите на тарата црква била изградена дрвена црква, која во 1725 година била срушена.

Денешниот изглед црквата го добил во времето на руската царица Елисавета, која решила да изгради летна резиденција во Киев, во чиј проект се нашла и изградба на црквата. Така, првиот камен темелник бил поставен токму од царицата. За главен архитект бил избран најпрвин Готфрид Јохан Шедел. Но неговиот проект бил одбиен од страна на Петроград, па бил прифатен проектот на Бартоломео Растрели.

Во 1815 година, во близина на црквата беснеела голема бура која предизвикала оштетување на истата. По ова, таа била реновирена. Во периодот од 1917-1953 година, таа била на повеќе пати реновирена. Во 1932 година властите во СССР наредиле црквата да биде затворена.

Денеска, објектот е музеј.

Наводи[уреди]

  1. Damick, Andrew S.. „Life of the Apostle Andrew“. chrysostom.org. http://www.chrysostom.org/firstcalled/life.html. конс. 12 јули 2007. 
  2. Voronov, Theodore (13 октомври 2001). „The Baptism of Russia and Its Significance for Today“. orthodox.clara.net. архивирано од оригиналот на 18 април 2007. http://web.archive.org/web/20070418065947/http://www.orthodox.clara.net/baptism_rus.htm. конс. 12 јули 2007.