Црква Света Софија (Солун)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поврзано: Света Софија (појаснување)
Предхристијански и христијански спомеици во Солун*
Светско наследство на УНЕСКО

Hagiasophiathessa.jpg
The Hagia Sophia
Тип Cultural
Критериуми i, ii, iv
Навод 456
Регион** Културно наследство во Европа
Координати 40°37′ СГШ 22°56′ ИГД / 
Записно минато
Запис 1988  (12 заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Црквата Света Софија (грчки: Ἁγία Σοφία) е црква која се наоѓа во Солун, Грција. Црквата е една од најстарите во градот кои опстојуваат до ден денес.

Историја[уреди]

Според некои извори, уште во 3 век на местото на денешната црква постоела друга градба, која би требало да била црква. Во 8 век црквата била изградена, врз основа на црквата Света Софија во денешен Истанбул. Во 1205 година, во времето на Четвртата крстоносна војна и заземањето на градот, црквата била претворена во катедрала и како таква се задржала до 1246 година кога повторно била воспоставена византиска власт. По зазимањето на Солун од страна на османлискиот султан Мурат II на 29 март 1430 година, црквата била претворена во џамија[1].

Оваа црква, заедно со денешните џамии Ѓул и Календерхане во Истанбул (тогаш цркви), претставуваат еден од најголемите архитектонски примери од тој тип, како типични претставници на византиската архитектра од средниот век. [2].

Голем дел од внатрешноста на црквата бил реконструиран по големиот пожар во Солун од 1917 година. Куполата била обновена во 1980 година.

Црквата Света Софија е вклучена во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО.


Наводи[уреди]

  1. UNESCO, Advisory Body Evaluation, World Heritage List No. 456
  2. Krautheimer,317

Надворешни врски[уреди]