Црква Санта Марија ин Аракоели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Базилика Света Марија
на небесниот олтар
Basilica di Santa Maria in Ara coeli (италијански)
Basilica Sanctae Mariae de Ara coeli (латински)
Aracoeli-fachada.jpg

Фасадата од базиликата

Основни податоци
Место  Италија Рим, Италија
Координати 41°53′38″ СГШ 12°29′00″ ИГД / 
Религија Римокатоличка црква
Држава Италија
Црковен статус Главна базилика
Водство Салваторе де Џорџи
Мреж. место Официјално мрежно место
Архитектонски опис
Архитектонски тип црква
Архитектонски стил Романеска, Готска архитектура
Насока на фасадата WbS
Завршено XII century
Карактеристики
Должина 80 metres (260 ft)
Ширина 45 metres (150 ft)
Ширина (основа) 20 metres (66 ft)

Базиликата Санта Марија ин Аракоели (латински: Basilica Sanctae Mariae de Ara coeli al Campidoglio, италијански: Basilica di Santa Maria in Ara coeli, македонски: Базилика Света Марија на небесниот олтар) е титуларна базилика во Рим, Италија, која се наоѓа на ридот Капитол.

Во почетокот, христијанскиот објект се викал Света Марија на Капитол, но во текот на 14 век името на црквата било променето. Според легендата, храмот бил изграден на местото каде сибилата Tiburtine Sibyl го предвидела доаѓањето на Исус Христос и неговото раѓање. Често пати црквата се нарекува и како Капитолска базилика.

Во самата базилика се наоѓаат дел од останките на Света Елена, мајка на Константин Велики. Нејзините мошти биле на неколку пати крадени од Рим, па денеска се наоѓаат дел од нив во Франција. Овде се наоѓаат и останките од папа Хонориј II. Еден од најпознатите предмети кои се наоѓаат во базиликата е статуата на малото дете кое е претставено како Исус. Во средниот век и денес, се верува дека статуата поседува чудотворна моќ[1]. Во 1994 година статуата била украдена, и никогаш не била повторно пронајдена. Денеска се користи копија од истата.

Наводи[уреди]