Црква Санта Марија дел Мар
| Црква Санта Марија дел Мар Santa María del Mar |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Барселона, Шпанија |
| Покраина | Каталонија |
| Осветен | 14 век |
Црквата Санта Марија дел Мар (шпански: Santa María del Mar) е црква која се наоѓа во Барселона, Каталонија, Шпанија. Црквата била изградена во периодот од 1329 до 1383 година. Градбата претставува исклучителен пример за каталонската готска архитектура, како една од најневообичаените згради во средниот век.[1]
Објектот зџа прв пат се споменува во 998 година. Неговата изградба била промовирана од страна на Бернат Лул, кој во 1324 година бил назначен за одговорен на црквата. Градежните работи започнале на 25 март 1329 година, а камен темелник на храмот бил поставен од страна на кралот Алфонсо IV од Арагон. За главен архитект бил назначен Беренгер де Монтагут, назначен за дизајнирање на зградата и Рамон Деспиг.[1]Во 1379 година храмот бил зафатен од пожар, по кое објектот бил реновиран и конечно на 15 август 1383 година проектот бил целосно завршен. Во 1428 година, од земјотресот бил уништен розетниот прозорец.[2]Новиот прозорец бил изработен во 1459 година[1] и по една година било додадено и стаклото. Сликите и барокниот олтар биле уништени во пожар од 1936 година. Параклисот бил изграден во текот на 19 век.[2]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Црква Санта Марија дел Мар“ |