Црква Санта Марија Маџоре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Папска базилика Санта Марија Маџоре
Basilica Papale di Santa Maria Maggiore (италијански)
Basilica Sanctae Mariae Majoris ad Nives (латински)
SantaMariaMaggiore front.jpg

Базиликата Санта Марија, најголемата црква во Рим

Основни податоци
Место Ватикан Рим
Координати 41°53′51″ СГШ 12°29′55″ ИГД / 
Религија Римокатоличка црква
Држава Италија
Црковен статус Главна базилика
Водство бернард Франсис Лав
Мреж. место Официјално мрежно место
Архитектонски опис
Архитектонски тип Црква
Насока на фасадата SE
Карактеристики
Должина 92 м
Ширина 80 м
Ширина (основа) 30 м
Висина (макс.) 75 м

Црквата Санта Марија Маџоре (италијански: basilica di S.Maria Maggiore, латински: Basilica Sanctae Mariae Majoris ad Nives) е една од четирите главни папски базилики во Рим, Италија, заедно со Црква Сан Лоренцо фуори ле Мура, кои порано биле нарекувани како петте патријархални базилики во Рим. Другите три папски базилики се Свети Јован Латерански, Свети Петар и Свети Павле[1].

Оваа базилика е единстврната римска базилика која ја задржила суштината на својата оригинална структура, со мали поправки поради земјотресот од 1348 година.

Според легендата за нејзиното основање, во една ноќ во 352 година, на папа Либериј и богатиот римјанин Џовани Патрицио на сон им се јавила Пресвета Богородица и им кажала да изградат црква на местото каде следниот ден ќе падне првиот снег. Така следниот ден, на 5 август 352 година, на местото каде била изградена денешната црква имало снег.

Во времето кога било ставено крај на т.н. Авињонско папство, и кога престолнината на папата повторно се вратила во Рим, оваа базилика била користена како привремена палата или седиште на папата поради влошената состојба на Латеранската палата. Подоцна, папската резиденција била преместена во палатата во Ватикан, каде се наоѓа и денес.

Камбанеријата на оваа базилика е најголемата од сите базилики во Рим.

Во склопот се наоѓаат три капели. На десната страна се наоѓа Сикстинската капела, која била изградена по порачка на папа Сикст V од страна на Доменико Фонтана. Оваа капела не треба да се индентификува со Сикстинската капела во Ватикан. Овде биле погребани папа Сикст V и папа Пиј V. Кон левата страна пак се наоѓа Паолинската капела, која била изградена по нарачка на папа Павле V. Овде биле погребени папа Климент VIII и папа Павле V. Третата капела се нарекува капела Сфорца, која се смета дека била изградена од страна на Микеланџело.

Наводи[уреди]