Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица
македонска православна црква
Епархија Струмичка
Архијерејско намесништво Струмичко
Местоположба
Место Струмица
Општина Струмица
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба 1992
Осветување 2012
Архитектонски опис
Архит. тип Трикорабна базилика

Соборниот храм Успение на Пресвета Богородица — проект за нов соборен храм во Струмица.

Темелите на црквата биле ставени во 1992 година. Главно поради немање на финансиски средства, изградбата на црквата не продолжила. На 15 април 2012 година биле осветени темелите на соборниот храм од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот струмички Господин Наум со свештеници од Струмичката Православна Епархија, а градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, кој е иницијатор на завршувањето на изградбата на храмот во центарот на Струмица, поставил камен плоча, најавувајќи дека на Велигден по една година, објектот ќе биде подигнат во карабина фаза.

Официјално градежните работи треба да започнат по неделата на Велигденските празнувања, од 23 април. Според проектот, христијанскиот храм треба да биде висок 53 метри и ќе прикажува трикорабна базилика со впишан крст, со петкуполен свод и два странични прилепени параклиси.

Соборниот храм започнал да се гради во годината кога се одбележуваат три значајни настани од христијанството во Струмица и Македонија и тоа 1650 години од погибието на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, 100 години од изградбата и осветувањето на црквата “Свети Кирил и Методиј“ во Струмица и 45 години од Афтокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Официјално, инвеститор е Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Струмичка Православна Епархија, а финансиери се граѓаните. Проектот на Соборниот храм е изработен од архитектот Јанко Константинов[1].

Храмот треба да биде изграден во централното градско подрачје во Струмица, до црквата Свети Димитар.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]