Црвеногушесто грмушарче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвеногушесто грмушарче
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Грмушари
Род: Sylvia
Вид: Црвеногушесто грмушарче
Биномен назив
Sylvia cantillans
(Pallas, 1764, Италија)
Sylvia cantillans јајца

Црвеногушестото грмушарче (науч. Sylvia cantillans) е мала врапчевидна птица која се размножува претежно низ јужниот дел на Европа, од Пиринејскиот Полуостров, со исклучок на западниот и северниот брег, во јужниот дел на Франција, Италија, медитеранските острови, јужниот дел од Балканскиот Полуостров, Бугарија, Македонија, Грција и во Мала Азија. Таа е птица преселница, која зимува на јужниот раб од Сахара.

Опис[уреди]

Црвеногушестото грмушарче е долго 12-13 см. Горниот дел од телото на мажјаците им е сивкав, а долниот посветол со цигла црвена нијанса. Има бели образи како мустаќи. Женките се одозгора кафеавкави со посива глава, а одоздола се со розовикава нијанса. Мажјаците имаат светло црвен прсен околу очите, а женките сивомаслинав. Младенчињата се одозгора кафеавомаслинави, а одоздола бели.

Однесување[уреди]

Живеалиштето на оваа птица се планините со дабови шуми, но најмногу сака грмушки од олендри во близина на реки. Ретко се среќава во градски средини. Се храни со инсекти преку лето, а со бобинки и семиња наесен. Пеењето е брзо и растреперено, слично на малото белогушесто грмушарче.

Размножување[уреди]

Сезоната на парење трае од средината на април до почетокот на јуни. Гнездото го сместуваат во ниска грмушка, не повисоко од 1 метар. Го градат со ситни гранчиња и тревки и го украсуваат со пајажина. Внатре го постилаат со меки тревки и животински влакна. Несат 3-4 зеленкави, испрскани јајца. Обата родитела, иако повеќе женката ги инкубираат јајцата што се излегнуваат по 11-13 дена. Двата родитела учествуваат во исхраната на пилињата што трае 11-12 дена, а ако женката има второ легло, мажјакот ги храни пилињата од првото.

Подвидови[уреди]

Се разликуваат 4 подвида, поделени во три групи, кои се блиску до статусот на алотропни форми:[2].

Освен S c. inornata, сите подвидови ги има во централна Европа.[3]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Sylvia cantillans. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106008086. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. H. Shirihai, G. Gargallo, A. J. Helbig: Sylvia Warblers - Identification, taxonomy and phylogeny of genus Sylvia. C. Helm, London 2001.
  3. Brambilla, Mattia; Fabrizio Reginato; Franca Guidali (2007). „Brief report: Habitat use by Moltoni’sWarbler Sylvia cantillans moltonii in Italy“. „Ornis Fennica“ 84: 91–96. ftp://80.57.161.240/artikelen/B/Baardgrasmus1.pdf. 

Надворешни врски[уреди]