Црвени Стени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвени Стени се наоѓа во Грција
Црвени Стени
Местоположба на Црвени Стени во Грција
Черепот од Црвени Стени изложен во Археолошкиот музеј во Солун

Црвени Стени (грч. Σπήλαιο Πετραλώνων = „Петралонска пештера“) е пештера на полуостровот Халкидик кај с. Камени Гумна (Петралона), 35 км југоисточно од Солун, Егејска Македонија каде се откриени најастарите човечки останки во светот. Се работи за човечки череп четвриот леден период кој според карактеристиките потекнува од времето меѓу хомо еректус и хомо сапиенс, со старост меѓу 500.000 до 100.000 години. Овој пронајдок на човек од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, чија старост се се проценува на 30.000–100.000 години.

Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.