Цитратен тест

Од Википедија — слободната енциклопедија

Со цитратниот тест се испитува можноста на даден организам да го искористува цитратот (лимонска киселина) како единствен извор на јаглерод и енергија. Овој тест е дел од IMViC сериите.

Опис[уреди | уреди извор]

Бактериите се засејуваат на медиум наречен Симонсов цитратен агар кој содржи натриум цитрат и pH индикатор бромотимол сино. Медиумот исто така содржи и неоргански амониумови соли кои се користат како единствен извор на азот. Цитратот се искористува со помош на ензимот цитритаза, кој го раскинува цитратот на оксалоацетат и ацетат. Оксалоацетатот понатаму се разградува на пирогроздова киселина и CO2. Производството на Na2CO3, како и на NH3 при искористувањето на натриум цитратот и амониумовите соли доведува до базна pH-вредност. Ова резултира во промена на бојата на медиумот од зелена во сина.

Постапка[уреди | уреди извор]

Бактериските колонии се засејуваат на кос Симонсов цитратен агар и се инкубираат во текот на ноќта при 37° С. Доколку организмот ја поседува можноста за искористување на цитратот, медиумот ја менува својата боја од зелена во сина. Негативниот тест нема раст на бактерии и бојата останува зелена.

Escherichia coli дава позитивен, додека Klebsiella pneumoniae - негативен цитратен тест.