Цитохром c

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Цитохромот c е најдобро испитан цитохром, бидејќи е доста стабилен и лесно се екстрахира. Молекулската маса му изнесува 12,000.

Добиен е во кристална состојба од различен биолошки материјал. Цитохромот c е базна белковина кој се состои од еден пептиден ланец изграден од 104 аминокиселини и еден хем. Хемот е врзан за пептидниот ланец двократно: железото со координативна врска е поврзано за остатоците на хистидинот и ковалентно, преку две винилни групи, за остатоците на цистеинот од пептидниот ланец. Хемот е сместен длабоко во пептидниот ланец, кој го обиколува од двете страни. Поради тоа, редуцираниот (феро) цитохром c не може да сврзе ни јаглерод моноксид, ниту пак директно да реагира со кислородот. Исто така, оксидираниот (фери) цитохром c не сврзува CN- јон.