Цистит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Воспалението на мочниот меур предизвикано од бактерии се нарекува цистит. Симптоми на ова заболување се честото мокрење, печење при мокрење, чувство на непријатност и притисок над срамната коска. Многу често при мокрење, особено при крај на мокрењето, се јавува остра болка, а понекогаш и крв, односно гној во урината.

Кај жените циститите се почести од повеќе причини. Специфичната градба на женската уретра, а особено нејзината должина (околу 3 cm) условува непосреден контакт со вагината и надворешната средина каде што се наоѓаат разните бактерии.

Од друга страна, при бременост и менопауза се создаваат поголеми предиспозиции за инфекција на мочниот меур. Кај постарите мажи многу често циститот се јавува како последица на аденом на простатата. Можна компликација при подолготрајни цистити е воспаление на бубрезите. Циститот се разликува од воспалението на бубрезите по тоа што никогаш не е проследен со покачена температура.

Лечење[уреди]

Воспалението обично се лечи со земање една доза антибиотици. Еден од најпознатите алтернативни лекови (растенија) што се користат при воспаленија на мочните патишта е мечкиното грозје (Arctostaphylos uva ursi). Тоа е зимзелена, многугодишна, разгранета грмушка, висока 20 до 50 cm, која расте на планински места со песоклива и каменлива почва. Исто така како лек против воспалението се користат билните таблети "рентил", составени од неколку билки со диуретично, уроантисептично и спазмолитично дејство (против болки). Тие покажуваат голема ефикасност при воспаленија на мочниот меур, мочните патишта и на бубрезите. Таблетите можат да ги исчитат мочните патишта од бактерии што се отпорни на современата терапија со антибиотици.

Како да се избегнe воспалението[уреди]

Треба да се одбегнува одлагањето на одење по мала нужда. Подобро е кога мочниот меур е празен наместо полн. На жените за време на мала нужда им е препорачливо да се бришат од напред (вагина) кон назад (чмар) а не обратно. Некои жени утврдиле дека одењето по мала нужда после сексуалните односи им помогнало да се спречи цистит. Исто така пиењето два литри вода на ден помага при исфрлање на непотребните материи од мочниот меур кои го предизвикуваат неговото воспаление.

Извор[уреди]

Дневник Весник, Статија - Мечкино грозје при воспалени мочни патишта, Скопје РМ, Издание: четврток, 26 февруари 2004.