Циркумбореален регион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Циркумбореален регион или евросибирско-канадски регион на бореалното царство — голем флористички регион. На југ навлегува во Европа (со исклучок на оној дел кој се однесува на Средоземноморската област), северна Анадолија, Кавказ (со исклучок на аридните области и Талиш), Урал, Сибир, Далечниот Исток (со исклучок на југоисточните делови по средното течение на р. Амур), Камчатка, северен Сахалин, северните Курилски Острови, Алеутските Острови, Аљаска, поголем дел од Канада и мал дел од САД. Многу голем дел од овој регион е заземен од широколисни и иглолисни шуми, но и тундри и степи.

Најчести видови[уреди]

Ендемизам[уреди]

Во флората на циркумбореалниот регион нема ендемски фамилии, но има многу ендемски или речиси ендемски родови, во кои се вбројуваат крстоцветните Lunaria (средна и југоисточна Европа), Borodinia (источен Сибир), Gorodkovia (североисточен Сибир), Redowskia (Јакутија); потоа родот Soldanella од фамилијата на јаглики (јужна и средна Европа), па штитоцветните Physospermum, Astrantia и Thorella (последниот род само во Европа), родот Pulmonaria од фамилијата Boraginaceae, родот Erinus од Scrophulariaceae, три рода од претежно тропската фамилија GesneriaceaeRamonda (централни и источни Пиринеи и планините на североисточна Шпанија, Балкански Полуостров) и Haberlea и Jankaea (и двата на Балканот), потоа родот Stratiotes од фамилијата Hydrocharitaceae, Telekia од Asteraceae, како и многу ендемски видови во планинските региони – Пиринеи, Алпи, Карпати, Кавказ, планините на Сибир и Канада.

Големиот циркумбореален регион е разделен на неколку провинции кои ги обединува составот на флората и ендемизмот.