Цесе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гробот на Цесе (Кунг Џи) на Кофучиевите гробишта во Чифу

Цесе (кин. 子思, Zǐsī; ~ 481–402 п.н.е.), родено име Кунг Џи (孔伋), бил кинески философ, единствен внук на прочуениот Конфучиј. Цесе наводно бил учител на Менг-це и го напишал делото „Средниот пат“. Неговото почесно име е Цесе (子思子, „Учител Цесе“).

Дедо му воспоставил разлика помеѓу вистинско и претпоставено сознание, Цесе се задлабочувал во релативноста на човековите сознанија за универзумот. Се обидел да анализира што повеќе постапки, и сметал дека мудрите луѓе кои се свесни за нивните морални и интелектуални должности можат да ја пресликаат стварноста на универзумот во себеси.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]