Централна кооперативна банка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Централна кооперативна банка — македонска универзална банка. Мерено според активата, таа спаѓа во групата на мали банки во Македонија. Централна кооперативна банка АД - Скопје е финансиска институција чиј мнозински пакет на акции е во сопственост на Централна кооперативна банка АД - Софија, Бугарија.

Општи информации за банката[уреди | уреди извор]

ЦКБ АД Скопје нуди универзални банкарски услуги во сите сегменти на банкарското работење. Овластена е од Народната Банка на РМ за вршење платен промет во земјата и странство и е активна во работењето со менувачки пазар, акредитиви, гаранции, меѓународни плаќања, кредитно работење и берзанско работење. Покрај ова, ЦКБ АД Скопје има развиени кореспондентски односи со 18 поголеми светски банки од Европа и Северна Америка, а исто така е членка и на Visa International. Центалата се наоѓа во Скопје, а има распространетост во повеќе места низ земјата преку 22 експозитури од кои 7 се во главниот град, вклучувајќи ја и филијалата во Центар. Централна Кооперативна банка поседува 26 банкомати низ целата територија на Републиката, од кои 10 се во Скопје. Централна кооперативна банка има вкупно 197 вработени.

Централна Кооперативна Банка АД - Софија[уреди | уреди извор]

Централна кооперативна банка АД - Софија е универзална трговска банка, која припаѓа на финансиската структура на ЦКБ Груп ЕАД. Основен акционер на банката е Химимпорт АД, којшто директно или преку поврзани лица контролира над 70% од гласовите на акционерите на ЦКБ АД Софија. Оваа банка нуди широка палета на производи и услуги во областа на банкарското работење, ставајќи акцент на финансирањето на мали и средни претпријатија и физички лица.

Банката е полноправен член на MasterCard Europe и Visa International и нуди Маестро и Мастеркард и целосниот дијапазон на Виза картички.

Со развиена мрежа од филијали и експозитури банката гарантира олеснет пристап до своите производи и услуги, овозможувајќи адекватни и брзи решенија за своите клиенти. До моментов банката располага со вкупно 266 филијали и експозитури во Бугарија и странство.

Визија, мисија и цели[уреди | уреди извор]

Визија - да стане една од најдобрите средни банки во РМ и да бидеме сигурен и конструктивен партнер на секој наш клиент.

Мисија - да создаде трајни врски со нашите клиенти и подлабоко да навлеземе на македонскиот пазар преку финансирање на мали и средни претпријатија и физички лица како и понуда на современи финансиски услуги кои ги исполнуваат највисоките професионални стандарди, притоа стремејќи се да одржуваме позитивна и стимулативна работна атмосфера и да ги поттикнуваме иницијативите и наградуваме реалните резултати и успеси.

Цели - патиштата за постигнување на нашата мисија преку:

  • изградба на финансиски стабилна и просперитетна институција на македонскиот банкарски пазар;
  • пораст на бројот и квалитетот на услугите;
  • воведување на нови и современи производи и услуги;
  • пораст на бројот на клиентите;
  • зголемување на делотворноста и ефикасноста во работењето;
  • развој на мрежата на експозитури и филијали;
  • развој на интернет банкарството;
  • пораст на мрежата на банкомати;
  • понатамошно забрзување на развојот и усовршување на информатичките технологии што ги користиме;
  • првокласна обука и можности за долгорочен професионален развој на вработените и менаџментот.

Органи на управување[уреди | уреди извор]

Управен одбор[уреди | уреди извор]

Управниот одбор на банката го сочинуваат:

  • Неделин Валчев, Прв генерален Директор/Претседател на Управен одбор
  • Орце Трајковски, Втор генерален Директор.

Надзорен Одбор[уреди | уреди извор]

Членови на надзорниот одбор на банката се:

  • Тихомир Ангелов Атанасов, Претседател,
  • Георги Димитров Константинов, Заменик претседател,
  • Христо Георгиев Христов, Член,
  • Киро Костов, Независен член,
  • Љубен Нанов, Независен.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Централна кооперативна банка, Организациона шема“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-09. Посетено на 2013-12-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]