Централен Масив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Централен Масив
Massif Central
Massís Central

Пиј де Дом — највисокиот вулкан
Највисока точка
Врв Пиј де Санси
Надм. височина 1886 м
Координати 45°31′42″ СГШ 2°48′51″ ИГД / 
Географија
Местоположба на Централниот Масив во Франција
Земји Франција
Сојузни држави/Покраини
Координати 46°00′00″ СГШ 3°00′00″ ИГД / 46, 3

Централен Масив (француски: Massif central, окситански: Massís Central / Massís Centrau) — високо подрачје во средишниот дел на јужна Франција, покриено со планини и висорамнини што образуваат масив. Зафаќа 15% од површината на државата. Највисока планина во масивот е Пиј де Санси (1.886 м).[1]

Планините се вулкански но активноста згаснала пред 10.000 години. Одделени се од Алпите со длабок засек во правец север-југ создаден со текот на реката Рона, наречен „ронска бразда“ (sillon rhodanien).

Подрачјето претставувало препрека во тој дел на земјата, оневозможувајќи го сообраќајот од север на југ и обратно сè до изградбата на автопатот A75 на крајот на 2010 г.

Административни единици[уреди]

Масивот се протега низ следниве департмани: Аверон, Алие, Ардеш, Кантал, Гар, Горна Виена, Горна Лоара, Еро, Корез, Крез, Лоара, Лозер, Лот, Од, Пиј де Дом, Рона и Тарн.

Во подрачјето на планините целосно се опфатени региони Оверњ и Лимузен, а делумно навлегуваат во Лангдок-Русијон, Југ-Пиринеи и Рона-Алпи.

Најголеми градови се Клермон Феран и Сент Етјен.

На северната страна на масивот, западно од долината на Рона, карпите се вулкански, додека пак во јужниот дел се варовнички, гранитни и шкрилни.

Наводи[уреди]

  1. Централен Масив — Peakbagger (англиски)

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]