Центар (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Центар — населба во Битола каде што ги има повеќето владини институции и ресторани, хотели, супермаркети, кина, културен центар и театар. Овде се наоѓа плоштадот Магнолија и познатиот Широк Сокак кој се смета дека е центарот на Битола и е наполнат со бескрајни нео-класични градби во кои има продавници, кафе-барови, ноќни клубови и ресторани.

Во склоп на центарот на Битола се наоѓа и реката Драгор, кој го дели градот на два дела, како и: СВР Битола, Јени Џамија, Основниот Суд, Апелациониот Суд, булеварот Први Мај, седиштето на општина Битола, средното економско училиште, пожарната, историскиот архив, ректоратот на УКЛО, бугарскиот конзулат, гимназијата ЈБТ, спомен куќата на албанската азбука, каде започнува Црн Мост.