Центар за водени спортови (Лондон)
| Центар за водени спортови | |
Центарот за водени спортови во април 2012 |
|
| Место | Лондон, Обединето Кралство |
|---|---|
| Координати | |
| Започнат | Јули 2008 |
| Изграден | 27 јули 2011 |
| Управител | Olympic Delivery Authority |
| Терен | Два базени за пливање (50м) Базен за скокови во вода (25М) |
| Цена на изградба | £269 милиони |
| Архитект | Заха Хадид, Sports Architect - S&P Architects |
| Седишта | 17.500 (за ЛОИ 2012.) 2.500 (после игрите) |
| Димензии на теренот | 45 x 160 x 80 |
| Корисници | |
| Летни олимписки игри 2012 Летни параолимписки игри 2012 |
|
Центарот за водени спортови (англиски: London Aquatics Centre) е повеќенаменска спортска арена која се наоѓа во Лондон, Обединетото Кралство. Арената е наменета за натпреварувањата во водени спортови, и е изградена за потребите на Летните олимписки игри 2012. Се наоѓа во Олимпискиот парк во источен Лондон, непосредно до Ватерполо арената и спроти Олимпискиот стадион.
Во центарот се наоѓаат два олимписки базени со должина од 50 метри, од кои едниот се користи на пливачките натпреварувања, а другиот за подготовка на спортистите, и базен со должина од 25 метри наменет за скокови во вода. Капацитетот на арената изнесува 17,500 места, за време на Олимписките игри, додека пак после игрите капацитетот ке биде намален на 2,500 места. Во арената ке се одржуваат натпреварите во пливање, скокови во вода, синхронизирано пливање, и пливачкиот дел од модерниот петобој.
Содржина |
Карактеристики [уреди]
Проектот за арената го изработила добитникот на Прицкеровата награда за архитектура, Заха Хадид уште во 2004, и се одликува со карактеристична архитектура со закривен покрив. Изградбата на обејктот започнала во јули 2008, а завршила во јули 2011.[1] Објектот е висок 45 метри, долг 160 метри и широк 80 метри.
Целокупната структура се базира на само два потпорни столба, едниот на северниот дел, а другиот на јужниот дел од објектот. Челичната конструкција на покривот е тешка 3.200 тони и е изработена од алуминиумски плочи. Површината на покривот изнесува 1.042 м². Уникатната кула со 6 скокалници над малиот базен за скокови во вода е изградена од 462 тони бетон, додека пак таванот е изграден од 30.000 парчиња црвено градежно дрво. Во сите три базени има околу 10.000 литри вода.
Капацитетот на арената изнесува 17,500 места, но по Олимписките игри две трибини ке бидат отстранети, и со тоа капацитетот ке биде намален на 2,500 места, со можност за додавање на уште 1000 места за големи настани.
Види исто така [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ UK firms sign venue contracts London Olympics, 8 април 2008.