Цветот на мојата тајна

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Цветот на мојата тајна“
Режирано од Педро Алмодовар
Продуцент Агустин Алмодовар,
Естер Гарсија
Сценарист Педро Алмодовар
Настапуваат Мариса Паредес,
Хуан Ечанове,
Роси де Палма,
Чу Лампреав,
Хоакин Кортес
Времетраење 102 мин.
Јазик шпански

Цветот на мојата тајна (шпански: La flor de mi secreto е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 1995 година.

Синопсис[уреди]

Мариса Паредес е Леокадија (Лео) Масијас, жена која пишува романи под псевдонимот Аманда Грис. Нејзините романи се популарни во цела Шпанија. Но нејзиниот приватен љубовен живот е во проблеми. Лео има несреќна врска со сопругот Пако, офицер кој подоцна ќе отпатува во Босна, кој не е близок со неа ни физички ни емоционално.

Лео почнува да го менува начиот на пишување и се задржува на темни теми како болка и загуба и веќе не може да ги пишува новелите на Аманда Грис, бидејќи издавачите сакаат среќни краеви. Лео почнува да го преиспитува својот живот, врската со сопругот, нејзината „најдобра“ пријателка Бети, сестра ѝ Роса и постарата мајка. Исто така, го запознава Анхел, уредник на весник кој ќе се вљуби во Лео и во нејзиниот стил на пишување.

Награди[уреди]

  • 1996 - 7 Гоја номинации
  • Мариса Паредес освои неколку награди за најдобра главна улога.

Надворешни врски[уреди]