Цвани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цвани
Batswana
Собир на Цвани во 1900 г.
Подрачја со значајно население
 Боцвананема податоци, се проценува околу 80% од населението на државата[1]
 ЈАР3.900.000 (цвански говорници)[2]
Јазици
цвана (сецвана)
Вероисповед
христијанство и африкански традиционални религии.
Сродни народи
останати Банту-народи

Цваните, или познати како Боцвани или само Цвана (цвана: Batswana, еднина Motswana) се јужноафрикански банту-народ чија матична држава е Боцвана. Цваните сочинуваат околу 80% од вкупното население на државата. Мајчин јазик на Цваните е цвана („сецвана“), кој им припаѓа на групата на нигерконгоански јазици. Иако Боцвана е матична држава на Цваните, сепак мнозинството Цвани живеат во ЈАР, каде ги има над 3 милиони.

До 19 век народот бил нарекуван како Бечуани од страна на Европејците. Името „Бечуани“ е всушност погрешен изговор на етнонимот „Боцвана“, термин кој се користи за државата, а не за народот. Јазикот цвана има поголем број претставки кои имаат важна функција. Така, на коренот Цвана, се добива Моцвана (кој се користи за еден човек), Бацвана (кој се користи за народот), Боцвана (кој се користи за државата) и сецвана (кој се користи за јазикот).

Боцвана[уреди | уреди извор]

Името на државата Боцвана е добиено по името на народот Цвана. Сите главни „племиња“ на Цваните зборуваат на сецвански. Секое „племе“ има свој поглаватар и така се формира „Домот на поглавиците“.

Главните цвански „племиња“ се:

ЈАР[уреди | уреди извор]

Цваните се едно од главните црни малцинства во ЈАР и нивниот јазик е еден од 11-те службени јазици во државата. Во ЈАР има повеќе Цвани одошто во Боцвана. До 1994 година, Цваните во ЈАР живееле во рамките на Бопутацвана, а денес Северозападна покраина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/bc.html#People
  2. http://www.statssa.gov.za/census01/html/CInBrief/CIB2001.pdf

Поврзано[уреди | уреди извор]