Борис III

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Цар Борис ІІІ)
Борис III Обединител
Цар на Бугарите
На престол3 октомври 1918 - 28 август 1943
Крунисување3 октомври 1918
ПретходникФердинанд I
НаследникСимеон ІІ
Почивалиште
ПридружникЈована Савоjска
Полно име
Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски
ДинастијаСакскобургготски
ДинастијаСакскобургготски
ТаткоФердинанд I
МајкаМарија Луиза

Борис IIIцар на Бугарија (19181943). Тој го наследува бугарскиот царски престол по абдикацијата на татко му цар Фердинанд.

Рани години[уреди | уреди извор]

Борис Трети на двегодишна возраст
Престолонаследникот Борис (втор од десно) и германскиот фелдмаршал фон Мекенсен во обиколка на бугарски полк за време на Првата светска војна

Роден е на 30 јануари 1894 година. Целото име му е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски. Во 1930 г. се жени за италијанската принцеза Јована Савоjска, коja што е бугарска царица под името Јоанна. Им се раѓаат две деца - кнегиња Марија-Луиза (р. 1933) и кнез Симеон (р. 1937).

Во септември 1918, Бугарија била поразена во Вардарската офанзива. Царот Фердинанд абдицирал во корист на неговиот син Борис, кој станал цар на 3 октомври 1918.

Една година по стапувањето на Борис на престолот, Александар Стамболиски од Бугарскиот земјоделски народен сојуз бил избран за премиер. Иако бил поддржуван од големата селанска класа, Стамболиски се здобил со непријателство од средната класа и војската, што довело до негово соборување со воен удар на 9 јуни 1923, и последователно негово убиство. На 14 април 1925, анархистичка група ја нападнала коњицата на цар Борис додека минувала низ преминот Арабаконак. Два дена подоцна, со бомба биле убиени 150 членови на бугарската политичка и воена елита во Софија кои присуствувале на погребот на убиен генерал во црквата „Св. Недела“.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Царот Борис III се поздравува со Адолф Хитлер во Берлин во 1943 година.

Како и неговиот татко, Борис III води прогерманска политика и ја вклучува Бугарија кон Тројниот пакт. Во април 1941 година им ја отстапува бугарската територија на Германците кои преку Бугарија ќе извршат напад врз Кралството Југославија. Борис III цврсто ги застапувал бугарските Евреи за време на Холокаустот. Со негова помош и со интервенција на бугарската црква бугарските Евреи се спасени од концентрационите логори. Сепак, во концентрациониот логор во Треблинка биле испратени македонските Евреи.[1] Со тоа преостанатите македонски евреи засолниште нашле заминувајќи во партизани.[2][3] Умира неочекувано по кратко боледување на 28 август 1943 г., кратко по неговата посета на Хитлер.

Во бугарската историографија е познат како „Цар Обединител“, зашто во соработка со Силите на оската Бугарија на проширува во границите на Санстефанска Бугарија.[4]

Царството Бугарија од 1941 до 1944 г.
Указ на цар Борис III за прогласување на антисемитскиот Закон за заштита на нацијата

Смрт[уреди | уреди извор]

Кратко по враќањето во Софија од средбата со Хитлер, Борис починал од инфаркт на 28 август 1943, околу 16:22.[5] Според дневникот на тогашниот германски аташе во Софија, полковник фон Шунебек, двајцата германски доктори кои се грижеле за кралот – Сајиц и Ханс Епингер – сметале дека тој починал од истиот отров кој Др. Епингер наводно го пронашол две години претходно во постсмртното испитување кај грчкиот премиер, Јоанис Метаксас, отров кој делувал бавно и за кој потребни биле неколку недели да предизвика смрт.[6]Предлошка:Better source needed

Резба изработена од жители на с. Осој, Дебарско, и поставена лево од гробот на Цар Борис III.
Гробот на Цар Борис III во Рилскиот манастир.

Цар Борис III е погребан во манастирската црква на Рилскиот манастир. На левата страна од гробот се наоѓа резба изработена на 10 октомври 1943 г. од жители на село Осој, Дебарска околија, на која е напишано:

На своя Царь Освободитель Борисъ III отъ признателна Македония.

По смртта Борис III е наследен од неговиот син Цар Симеон ІІ (1943-1946).

Грбови[уреди | уреди извор]


Грб на Борис како Принц на Трново (1894-1918)

Грб на Борис III како Суверен на Бугарија (1929-1943)

Предци[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Jewish Community of Monastir: A Community in Flux, Mark Cohen, United States Holocaust Memorial Museum
  2. Александар Матковски, Трагедијата на Евреите од Македонија, „Гласник на ИНИ“, 1, Скопје, 1958.
  3. Ѓорѓи Ц. Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993.
  4. Inari Karsh, „Empires of the Sand: The Struggle for Mastery in the Middle East, 1789-1923“, Harvard University Press, 2001, с. 90.
  5. "Bulgarian Rule Goes to Son, 6. Reports on 5-day Illness Conflict", United Press dispatch in a cutting from an unknown newspaper in the collection of historian James L. Cabot, Ludington, Michigan.
  6. Wily Fox: How Tsar Boris Saved the Jews of Bulgaria from the Clutches of His Axis Allie Adolph Hitler, AuthorHouse 2008, 213

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Борис III
Помлада гранка на Династија Ветин
Роден(а): 30 јануари 1894 Починал(а): 28 август 1943
Владејачки титули
Претходник
Фердинанд I
Цар на Бугарија
3 октомври 1918 – 28 август 1943
Наследник
Симеон ІІ