Царче

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Царчиња
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Подред: Песнопојни
Фамилија: Царчиња
Род: Царче
Cuvier, 1800
Видови

Види го текстот.

Царчето (науч. Regulus) е една од најмалите птици во Македонија. Овој род припаѓа на сопствената фамилија царчиња (Regulidae), во состав на песнопојните птици.

Облик[уреди]

Има дебело кусо тело и тенок шилест клун. Горната страна од телото е покриена со темнокафеави пердуви, а крилјата и многу тенката исправена опашка се пругави. Градите и стомакот се посветли. Не е подолго од 10 см.