Цангјанг Гјацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цангјанг Гјацо
VI Далај лама
[[File:Tsangyang Gyatso|frameless|alt=]]
Претходник Лозанг Гјацо
Наследник Келзанг Гјацо
Династија Далај лама

Цангјанг Гјацо(1 март 1683- 15 ноември 1706) бил шестиот Далај лама.Тој бил од етничката заедница Монпа којашто е слична на Тибеќаните. Тој живеел љубовен живот,а се претпоставува дека исчезнал и бил убиен во близина на Коконор на неговото патување во Кина во 1706 година.Тој пишувал поеми и песни коишто имаат голема популарност и денес.

Младост[уреди]

Цангјанг Гјацо е роден на 1 март 1683 година во Таванг(денес Арунахал Прадеш,Индија) како Лама Таши Тензин од Ургелинг.Тој бил потомак на благородникот Пема Лингпа и Цеванг Ламо,девојка од етничката заедница Монпа којашто била осветена од поглаварското семејство на селото Бекар.

Денес за животот и смртта на шестиот Далај лама Цангјанг Гјацо се раскажуваат повеќе приказни.

За негвото раѓање има неколку приказни.Веројатно,неговата мајка Цеванг била посетена од наеколку чудни претходници за неговото раѓање.Се вели дека уште во првиот месец од нејзината бременост,таа чистела ориз во камен сад.За нејзино изненадување водата започнала да се акумулира во садот.Според друга приказна додека Цеванг пиела вода,наместо вода за почнало да тече млеко.Потокот на којшто Цеванг пиела вода денес во литературат е познат како Ома-Циканг(Млечната вода).

Со тек на време Цеванг родила машко дете и заедно со неговиот дедо и Наванг Норбу со неговиот татко му даела име Сање Тензин.Па поради ов се вели дека Цангјанг не го пиел млекото од неговата мајка уште од денот на неговото раѓање.Еден ден кога неговото лице започнало да се надувува од инфекција,тој само го отворил едното око и двајца гаталци биле повикани.Тие го извршеиле својот лекувачки обичај и рекле дека тој треба да се вика Нгаванг Гјамцо.

Неговото опоравување било кредитирано од регентот по интервенција на чуварот на Далај лама Дорје Дакпа.Неговиот дедо сонувал дека тој ќе биде заштитен од небесните случувања,а неговата мајка сонувала дека за време на одморот што таа ќе го направи по ткаењето ќе дојде група на луѓе коишто ќе го земат.Неговата баба(од татко) пак сонувал дека на небото света две сонца.

Во 1693 години група од поглавари лама дошле од Тибет во Таванг,по изјавата на петтиот Далај лама Лозанг Гјацо дека по неговата смрт ќе реинкарнира нов Далај лама.За момент Цангјанг играл со своите другари околу 1 километар источно од Ургелинг Гомпа.По крикот на неговата мајка да тој се врати веднаш,тој на една камена плоча запишал лама кено („Лама не заштитува“).Чудесно,но овие зборови се зачувани и до денес коишто се уште може да се прочитаат.

Историска основа[уреди]

Иако петтиот Далај лама Лозанг Гјацо умрел во 1682 година,неговиот регент Деси Сангје Гјацо ја зачувал смртта во тајна,веројатно за да се создаде цврста и да се добие време при завршувањето со изградбата на Потала.Неговата реинкарнација е пронајдена во 1688 година во петгодишниот Цангјанг кога бил однесен во Нанкарце во близина на Ласа каде што бил чуван од регентот се до 1697 година кога тој испратил делегација до кинескиот цар дека петтиот Далај лама починал.

Регентот го поканил петтиот Панчен лама Лобзанг Јеши којшто ветил дека ќе му биде монах на момчето коешто го нарекол Цанг Гјацо. Во октомври 1697 Цангјанг Гјацо бил прогласен за шестиот Далај лама.Во 1701 монголскиот крал Ла-бзанг Кан во сојузништво со Кинезите го убил регентот Сангје Гјацо. Ова големо изненадување го вратило младиот Далај лама кај петтиот Панчен лама Лобзанг Јеши во Шигатсе и негвоите монашки обиачи.

Животот како Далај лама[уреди]

Како Далај лама,Цангјанг Гјацо напишал прекрасни поеми и песни,но често се водел од принципите на училиштата коишто го ширеле учењето Гелуг во тибетскиот будизам.Па,така тој на 18 години речил на Лобзанг Јеши да му го даде обичајот Гетсул наместовообичаениот Гелонг.

Панчен лама којшто бил и аббот во манастирот Ташилхунпо и принцот Лазанг којшто бил помлад брат на По Гјалпо Вангјал го натерале да не го прави тоа.

Цангјанг Гјацо уживал во животот со пиење,друшво на жени и пичување на љубовни песни.Тој го посетил Лобзанг Јеши во Шингатсе и ги примил неговите простувања коишто се однесувале на обичаите на младиот монах. Цангјанг Гјацо отсекогаш одбивал да биде монах иако тоа не значи дека одбивал да биде Далај лама.Тој носел облека типична за лаик и повеќе практикувал да оди пеш или да биде возен во паланквин отколку да јава коњ.Тој само повремено ги сочувал предностите на Далај лама.Цангјанг посетувал паркови и ги поминувал ноќите по улиците на Ласа,пиејќи вино,пеејќи песни и љубејќи ги девојките.Тој си дозволил да живее во шатор во парекот покрај сверниот дел од Потала.Цангјанг Гјасто се откажал од животот во јавните паркови во 1702 година кога од него се барало да прави како што треба за неговата функција.

Заробувањето и исчезнувањето на шестиот Далај лама[уреди]

Користејќи го однесувањето на Далај лама,монголскиот крал на племето Кјошот Ла-бзанг Кан во сојузништво со Кинезите го убиле регентот,а го заробиле Далај лама којшто или го убиле или умрел на пат кон Кина.На 28 јуни 1706 Ла-бзанг Кан го сменил Цангјанг и за следен Далај ламаго поставил 25-годишниот Нгваанг Јеши Гјацо ,прокламирајќи го за вистинска реинкарнација на Лозанг Гјацо.Меѓутоа на тоа остро се спротивставиле светите учители на учењето Гелуг како и целиот тибетски народ коишто сметале дека вистинска реинкарнација на Лозанг Гјацо е Цангјанг Гјацо. Додека бил надвор од Тибет,Цангјанг Гјацо во една своја поема претскажал дека ќе се роди негова реинкарнација.„Бела дигалко,позајми ми ги твоите крилја.Нема да летам далеку. Од Литанг ќе се вратам.“ Цангјанг Гјацо умрел мистериозно во близина на Коконор на 15 ноември 1706 година,што е причина зошто неговиот гроб не е во Потала. Зачувани се и некои гласини дек тој избегал и живеел во тајност помеѓу Кина и Монголија.

По смртта на Цангјанг Гјацо Тибеќаните се пожалиле на монголското племеЅунгар коешто извршило инвазија на Тибет и го убиле Ла-бзанг Гјацо во 1717.

Цангјанг Гјацо го наследил Келзанг Гјацо којшто бил роден во Литанг.


Претходник
Лозанг Гјацо
Реинкарнација на Далај лама Наследник
Келзанг Гјацо