Х. Упман

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Х. Упман (марка на пури))
Логото на Х. Упман

Х. Упман (герм. H. Upmann) е име на две марки на висококвалитетни пури, една кубанска (Хабанос СА), а другата доминиканска (Алтадис).

Историја[уреди | уреди извор]

Марката датира од 1844 година, и постојат неколку различни верзии на нејзиниот постанок. Се знае со сигурност дека двајца браќа,Август и Херман Упман ја основале марката таа година. Друга верзија е дека нивното презиме всушност било Хупман, но буквата „Х“ ја исфрлиле од естетски причини. Двете верзии се можни, бидејќи и Хупман и Упман се германски презимиња. Трета варијанта е дека буквата „Х“ во Х. Упман значи или „Херман“ или пак шпанскиот збор херманос (браќа).

„Кабинет“ кутија со Х. Упман Magnum 50

Една верзија на приказната е дека браќата-германци го преселиле семејниот бизнис во Хавана, Куба. Според ова тие биле страстни пушачи на пури и ги користеле пурите за рекламирање банка. Понекогаш се вели дека тие го измислиле пакувањето на пури во кедрови кутии како подарок за муштериите. На овие кутии стоел натписот „H. Upmann“, а пурите биле од друг производител, сѐ додека тие не купиле своја фабрика за пури во 1844: славната фабрика Х. Упман, денес наречена „фабрика Хосе Марти“, во Хавана. Во друга верзија на приказната, нивните внуци, Герман и Алберто, биле тие што впрочем основале банка, а пурите едноставно се довеле во врска.

Низ доцниот XIX век, марката се здобива со меѓународно име на разни изложби и добиваатг седум златни медали кои и денес стојат на литографијата на денешните кутии, заедно со потписот на Херман Упман.

Во 1922 (некои велат 1932), банката и фабриката за пури банкротираат. Британската фирма по име Ј. Франкау & Д-р ја купува марката и ја произведува сѐ до 1935, кога истата ја купуваат Менендез, Гарсија и Д-р. Тие продолжуваат со производство сѐ до национализацијата по револуцијата. Во овој период, Менендез и Гарсија создаваат свои посебни пури во рамките на производната линија, и ги нарекуваат „H. Upmann Montecristo Selection“, кои подоцна ја сочинуваат славната марка Монтекристо.

По револуцијата, Менандез и Гарсија ја преселиле марката прво на Канарските Острови, а потоа во Доминиканската Република, каде марката се прозведува и денес за американскиот пазар, и е во сопственост на Алтадис.

Името Х. Упман на некубанските пури

Кубанската марка Х. Упман е популарна низ светот, каде се прави во разновидни рачно-изработени, рачно-довршени, и машински-изработени витоли. Во 2002, кога Алтадис купиле контролен дел од Хабанос СА, тиа направиле бројни промени во марката. Реформите се од типот на промена на линиите во или сосема рачно-изработени или сосема машински-изработени, да ги отфрлат излишностите (многу кубански марки имаат повеќекратни пури од точно иста големина, но со различни мешавини тутун и различни имиња) и елиминација на нископродажните формати на пури.

Популарни пури меѓу познавачите се No. 2, Magnum 46, и пурата во „черчил“ формат наречена Sir Winston (во чест на Винстон Черчил).

Во 2005, Хабанос СА направиле несвојствен чекор со тоа што издале нов формат на Х. Упман како дел од годишното издание Edición Limitada. Ова е невообичаено бидејќи правилот е дека само петте глобално-дистрибуирани марки (Кохиба, Монтекристо, Ромео и Хулиета, Партагас и Ојо де Монтереј) се користат во овие изданија, додека Х. Упман е мултилокално дистрибуирана марка. Овој посебен формат е Magnum 50, кое се смета за примамливо на пушачите кај кои форматот Magnum 46 е многу популарен.

Х. Упман произведуваат и машински-изработени цигариљоси (Mini и Purito) и марка цигари.

Стаклен хумидор-тегла со пури „Х. Упман“

Витоли на кубанскиот Х. Упман[уреди | уреди извор]

Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Х. Упман со нивните димензии во англиски и метрички систем и нивните vitolas de galera (фабрички имиња).

Рачно-изработени витоли

  • Sir Winston - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta, черчил
  • Monarca - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta, черчил
  • No. 2 - 6 1/8" x 52 (156 x 20.64 mm) Pirámide, пирамида или торпедо
  • Magnum 46 - 5 5/8" x 46 (143 x 18.26 mm) Corona Gorda, торо
  • Connossieur No. 1 - 5" x 48 (127 x 19.05 mm) Hermoso No. 4, робусто или ротшилд
  • Petit Corona - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Mareva, пети корона
  • Corona Junior - 4 1/2" x 36 (115 x 14.29 mm) Cadete, тре пети корона

Машински-изработени и рачно-довршени витоли

  • Majestic - 5 1/2" x 40 (140 x 15.87 mm) Crema, a корона
  • Regalia - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Petit Corona, пети корона
  • Corona Major - 5 1/4" x 44 (132 x 17.46 mm) Eminente, пети корона
  • Corona Minor - 4 5/8" x 40 (117 x 15.87 mm) Coronita, тре пети корона
  • Epicure - 4 3/8" x 35 (110 x 13.89 mm) Epicure, тре пети корона

Edición Limitada

  • Magnum 50 (2005) - 6 3/8" x 50 (160 x 20 mm) Double Robusto, големо торо

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]