Хусни Вела

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хусни Вела (Гајре, тетовско, 1926) — македонски учител и политички деец[1].

Вела е роден во тетовското село Гајре во 1926 година. Завршил нижа гимназија во Тетово и Учителска школа во Скопје. Бил инспектор за просвета при Околискиот совет за просвета во Тетово, а потоа пратеник во Републичкиот собор на Народното собрание на НРМ во 1950 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија. I (прво. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 254. ISBN 978-608-203-024-1.