Хуманоид

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хуманоид е хибриден термин изведен од латинскиот humanus (хуман) и грчкиот -oeides, кој изразува сличност. Терминот е создаден во 1918, и се однесувал на фосилите кои се сметале блиски до човекот, но не се човечки, вклучувајќи и раси денеска класифицирани како Хомо, какви што се Неандерталците.

Терминот генерално се однесува на било кое суштество чија телесна структура наликува на човечката, кое се движи на две нозе и во исправена положба. Оваа вклучува антропоморфни суштества од митологијата, како и хуманоидни роботи, посебно во научна фантастика. Така, андроид или гиноид претставува хуманоиден робот дизајниран да личи на маж или жена соодветно, иако зборовите често се земаат како синоними. Исто така, повеќето вонземјани во филмовите и телевизиските серии се претставени како хуманоиди.