Хуан Карлос Наваро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хуан Карлос Наваро
Наваро во дресот на Барселона.
Наваро во дресот на Барселона.
Прекар(и) La Bomba
(Бомба)[1]
Позиција Guard
Висина м
Тежина кг
Лига Spanish ACB League
Euroleague
Екипа FC Barcelona
Роден јуни 13 1980 (1980-06-13) (34 г.)
Сент Фелиу де Лобрегат, Барселона, Шпанија
Националност Шпанец
Драфт 2nd round, 40th overall, 2002
Вашингтон Визардс
Проф. кариера 1997–
Натпрев. историја
Барселона (1997–2007)
Мемфис Гризлис (2007–08)
Барселона (2008–)
Награди FIBA Under-19 World Championship MVP 1999
Catalan Tournament Final MVP 2001
5x All-Euroleague First Team: 2006, 2007, 2009, 2010, 2011
Spanish League MVP 2006
NBA All-Rookie Second Team 2008
Euroleague MVP 2009
2x Spanish League Finals MVP 2009, 2011
2x Spanish Supercup MVP 2009, 2010
Euroleague 2001–10 All-Decade Team
Euroleague Final Four MVP 2010
European Player of the Year Mr. Europa 2010
FIBA European Championship MVP 2011

Хуан Карлос Наваро Феихо (роден на 13 јуни 1980, во Сент Фелиу де Лобрегат, Барселона), познат под прекарот "Ла Бомба" (Бомба), е професионален шпански кошаркар. 1.92м. високиот кошаркар m (6 ft 3+34 in) моментално игра за шпанскиот кошаркарски тим Барселона и капитен е на шпанскиот национален кошаркарски тим.

Професионална кариера[уреди]

КК Барселона[уреди]

Нваро започна да игра за Барселона уште од времето кога беше тинејџер, имајќи го својот прв настап на 23 ноември 1997, на 17-годишна возраст. Истата година тој беше избран да игра за Најк Хуп Самит, но тој остана во Европа играјќи за професионалниот тим Барселона. Тоа е причината поради која тој не беше повикан во шпанскиот национален тим кој го освои АСТ турнирот во Манхејм во 1998 година.

Со присуството на Дејан Бодирога и Грегор Фучка во 2003, КК Барселона ги освои сите турнири на кои играше таа година. Тоа беше одлична година за тимот. Тоа беше првиот пат кога Барселона ја освои Евролигата. Со освојувањето на Шпанската АЦБ лига, шпанскиот кралски куп, и Евролигата 2002-03 година, Барселона ја освои посакуваната Тројна кошаркарска круна.

Со Барселона, Наваро го освои АЦБ првенството 5 пати, и тоа во 1999, 2001, 2003, 2004, и 2009. Истотака со тимот на Барселона го освои шпанскиот кралски куп 4 пати, во 2001, 2003, 2007, 2010, шпанскиот супер куп во 2007 и 2010, Корак Куп првенството во 1999, и Евролигата 2002-03.

Наводи[уреди]