Хуан Бош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хуан Бош
Juan bosch.JPG
Хуан Бош (лево)

Во служба
27 февруари, 1963 – 25 септември, 1963
Потпретседател Армандо Гонзалез Тамајо
Претходник Рафаел Филиберто Бонели
Наследник Виктор Вињас Роман
Лични податоци
Роден(а) 30 јуни, 1909 година
Ла Вега, Доминиканска Република
Починал(а) 1 ноември 2001 година (на 92 години)
Санто Доминго, Доминиканска Република
Партија Револуционерна партија (1939-73)
Dominican Liberation Party flag.svg Ослободителна партија (1973-2001)

Хуан Бош (30 јуни 1909, Ла Вега, Доминиканска Република - 1 ноември 2001, Санто Доминго) — 43-тиот претседател на Доминиканската Република.

Бош пораснал во семејство што припаѓало во пониската средна класа. Ужаснат од бруталноста на диктаторот Рафаел Труџило, 24 години поминал во егзил, но се вратил по смртта на Труџило за да изгради левичарско антикомунистичко движење. Откако победил на првите слободни претседателски избори по 38 години, вовел либерални уставни промени, од кои многу промени биле во корист на сиромашните во земјата. Меѓутоа, неговите реформи ги отуѓиле земјосопствениците и индустријалците, и по само седум месеци поминати на функција, Бош бил сменет со воен удар. Кога неговите поддржувачи се побуниле против владејачката хунта во 1965 година, американскиот претседател Линдон Б. Џонсон, тврдејќи дека следбениците на Бош се комунисти, испратил трупи за да го задушат востанието. Во наредните три децении Бош повеќе пати се кандидирал за претседател но без успех.

Користена литература[уреди]