Хуана I Кастилјска
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Хуана I | |
| Кралица на Кастилја и Леон | |
| [[File: |
|
| Владеење | 26 ноември 1504 - 12 април 1555 |
|---|---|
| Почивалиште | Капилја реал, Гранада, Шпанија |
| Претходник | Изабела I |
| Наследник | Хуана II |
| Придружник на | Фердинанд II Арагонски |
| Деца | Леонор Австриска Карло I од Шпанија Изабела Австриска Фердинанд I Марија Австриска Каталина Австриска |
| Династија | Трастамара |
| Татко | Фернандо II |
| Мајка | Изабела I |
Хуана I од Кастилја (шпански:Juana I de Castilla) (родена на 6 ноември 1479 во Толедо, Шпанија - починала на 12 април 1555 во Тордесиљас, Шпанија) била кралица на Кастилја и Леон. Во историјата е позната и како Хуана Лудата, поради нејзината опсесивна љубов кон сопругот, Филип I Кастиљски, која на крајот ѝ придонела да го изгуби разумот.
Титули и кралство [уреди]
Најпрвин била инфанта од Кастилја и Арагон, подоцна надвојвотка од Астурија, војвотка од Бургундија и Брабант и грофица од Фландрија. По смртта на својата мајка, Изабела I Кастилјска, станала кралица на Кастилја, Леон, Галиција, Гранада, Севилја, Мурсија, Гибралтар и Канарските острови. Била кралица и на западна Индија (1504-1555), а по смртта на својот татко Фернандо II Арагонски, и на Навара, Неапол и Сицилија (1516-1555). Таа исто така имала и други титули, како: кнегиња од Барселона и господарка од Бискаја.
Хуана I ги наследила сите титули од своите родители, Изабела I, кралица на Кастилја, и Фернандо II, крал на Арагон, и по смртта на татко ѝ на 16 јануари 1516, практично ја обединила круната на Шпанија. Иако била прогласена за ментално неспособна и била затворена во Тордесиљас, формално владеела заедно со својот син Карло I од Шпанија, сè до смртта во 1555.
Семејство [уреди]
Хуана била во брак со Филип I Кастилјски, со кого имала 6 деца и сите 6 станале владетели:
- Карло I од Шпанија и V од Германија, цар на Светото римско царство;
- Фердинанд I, надвојвода од Астурија и цар на Светото римско царство;
- Елеонора Австриска, кралица на Португалија и Франција;
- Изабела Австриска, кралица на Данска и пдооцна на Калмарската унија;
- Марија Австриска, кралица на Унгарија;
- Каталина Австриска, кралица на Португалија.
| Претходник Изабела I |
Кралица на Кастилја и Леон 1504-1555 |
Наследник Филип I Кастилјски |
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |