Христоф Томас Шефлер
Христоф Томас Шефлер (герм. Christoph Thomas Schaffler или Schäffler), (20 декември 1699 – 25 јануари 1756) бил германски сликар од периодот Рококо. Најзначаен е по неговите фрески.
Роден во Мајнбург и научил сликање од татко му Волфганг. Во периодот 1719-1722 г. работел како чирак кај Козма Дамјан Азам. Во 1722 пристапил во монашкиот ред Исусовци како послушник и таму живописал неколку цркви. Во 1728 го напуштил манстирскиот живот и се преселил во Аугсбург, кадешто живеел сè до смртта во 1756 г.
Во неговото творештво се вбројуваат фреските во црквата Св. Сесилија во Хојзенштам, дело на архитектот Балтазар Нојман по порачка на семејството Шенборн-Хојзенштам, и фреските во црквата Св. Паулин во Трир, изградена за изборникот Франц Георг фон Шенборн. Фреските во капелата на Тевтонското заповедништво (Deutschhaus) во Мајнц, исто така дело на Шефер, биле уништени во Втората светска војна.
Наводи [уреди]
- Оваа статија содржи информации од ревизија од 20 август 2006 од истоветната статија на Википедија на германски јазик.
Надворешни врски [уреди]
- Страница на црквата Св. Сесилија (германски)
- Х.Т. Шефлер во Биографско-библиографската црковна енциклопедија (германски)
Медиумски материјали поврзани со Христоф Томас Шефлер на Ризницата.
Галерија [уреди]
-
Таван во старата Богородична капела во Регенсбург, 1752